Префрлање на одговорноста за горењето опасен отпад во Дрисла

В.Д. директорот на Инспекторатот за животна средина Сретен Стојковски во вторникот изјави дека откако е дојден на функција, издадени се решенија за забрана на прием и третман на 26 видови на опасен отпад во Јавното претпријатие „Дрисла“, поради непоседување соодветни инсталации и ја обвини поранешната директорка Ана Петровска дека дозволила третман на опасен отпад и покрај лично извршената инспекција.

Од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) добиле рок од 90 дена, а преостанат е уште еден месец од него, за тие да поднесат барање за измена на интегрираната дозвола и да ги раскинат сите договори за прием на таков отпад, а во спротивно ќе бидат парично казнети.

Поранешната директорка и сега опозициски кандидат за градоначалник на Скопје, Ана Петровска, вели дека станува збор за политичка хајка оркестрирана од политичката партија ДОМ, преку која партија и директорот на инспекторатот Сретен Стојковски ќе се бори за место во советот во Куманово, за да се наруши нејзиниот углед и чест, а воедно и појасни за што станува збор, демантирајќи дека не водела сметка за тоа како се постапува со опасен отпад во Дрисла.

„Директорот на Дрисла и вработените, дадоа гаранција дека во тие шифри кои што се во дозволата тие ќе ги складираат на безбеден начин, тоа го потврди и самиот инспектор за животна средина. Од друга страна има и записник каде што јас сум барала да се изземат одредени шифри од опасен отпад имајќи предвид дека за нив дури и складирањето може да претставува проблем, за жал, тие шифри останаа и покрај моето барање“, рече Ана Петровска,