Прегазен 66-годишен пешак во Виница…

На улицата „Крушевска Република“ во Виница вчера во 18 часот се случила сообраќајна несреќа во која патничкото возила „фиат пунто“ со винички регистерски таблички управувано од 30-годишниот З.П од Виница, удрил во 66-годишниот пешак М.Г од Виница.

Со возило на Итната медицинска помош е пренесен М.Г во Здравствениот дом во Виница, каде била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршила полицијата и јавен обвинител.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека за време на викендот на подрачјето на СВР-Штип е спроведена акциска контрола на возачи, кои вршат непрописно паркирање.

Преземени биле осум мерки, санкционирани биле и останати 30 прекршоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.