Прегазен пешак починал во болница

Скопјанец починал во болница откако бил прегазен од автомобил, вчера во скопската населба Бутел, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 20.20 часот на улицата Кемал Сејфула.
Тогаш автомобил „Ауди А3“ со турски национални ознаки, управуван од Џ.Ш. (28) од Скопје удрил во пешакот И.К. (55) од Скопје. По ударот И.К. со тешки повреди со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Таму по кратко време починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.