Прегазен пешак почина во болница

Пешак починал во болница откако автомобил го прегазил на патот Крива Паланка – Куманово.

Во 15.40 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот Д.И. од селото Борово, удрило во пешак.

Се работи за 67-годишниот С.А. од селото Градец, кривопаланечко. Во незгодата, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.