Прегазен пешак во Ѓорче Петров

Пред повеќе од половина час на улицата Ѓорче Петров, во истоимената населба, во близина на фурната „Блажевски“, се случила сообраќајна несреќа во која прегазен е 59 годишен пешак од страна на возач со возило од марката „пасат“ со скопски регистерски таблици.

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека пешакот минал со лесни телесни повреди и е пренесен во Градската болница „8-ми Септември“.

Екипи на МВР во моментот вршат увид на местото на насреќата и најавуваат детали за подоцна.