Прегазен работник во фабриката „Фени“ во Кавадарци

Вработен во фабриката „Фени“, управувајќи со работна машина, прегазил негов колега, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Четириесет и двегодишниот М.Д. од Кавадарци, управувајќи со работна машина „товарач“ и движејќи се наназад, го прегазил 59-годишниот Д.П. од селото Росоман. Работникот од здобиените повреди починал на лице место.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот