Прегазен велосипедист, возачот во бегство

Автомобил „мерцедес“ што го управувало непознато лице прегазило велосипедист,  ноќва во скопската населба Чаир.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила половина час по полноќ на улицата Цветан Димов.

Тогаш авомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од непознато машко лице, удрило во велосипед, управуван од А.А. (31) од Скопје, по што го напуштило местото.

Од ударот велосипедистот добил тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.