Прегазено 7-годишно дете во Гостивар

Дете на возраст од седум години со повреди е донесено во скопската клиника.

Според информациите момчето било повредено кога на улицата 101 во Гостивар во него удрило моторно возило марка форд со гостиварски таблички, управувано од четириесет и три годишен гостиварец.

Детето се здобило со тешки повреди и било пренесено во гостиварската болница, одкаде било препратено на скопските клиники.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.