Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал

Вечерва околу 18 часот на улицата „Никола Тесла“ во Струмица прегазено е четиригодишно дете, а возачот на автомобилот побегнал.

Настанот го потврдија од струмичката полиција од каде информираа дека детето со тешки телесни повреди по приемот во Медицинскиот центар во Струмица е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата и јавен обвинител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.