
Шестгодишно дете пешак вчера околу 15 часот е прегазено од „Голф“ кој го управувал 34-годишниот А.Р. од Лисец.
Несреќата во која детето е послено повредено се случила на улицата „Штипска“ во Тетово.
Од тетовската полиција информираат дека со истото возило детето било пренесено во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, задржано е за опсервација.
По извршениот увид се расветлува причината за несреќата.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.