Прегазено девојче во Неготино

Прегазено девојче во Неготино. Како што јавува МВР, вчера околу 15.00 часот во Неготино, на крстосницата од ул .„Маршал Тито“ со ул. „Антигона“, се случила сообраќајна незгода.

Т.И. (50) од Неготино, управувајќи автомобил „Мазда“ со неготински регистарски ознаки, удрил во тринаесетгодишна велосипедистка од Неготино.

Девојчето со возило на Итна медицинска помош е пренесена во ЈЗУ-Кавадарци, каде и е констатирана тешка телесна повреда и поради сериозноста на повредата е префрлена во Клинички центар–Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС–Неготино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.