Прегазил 80-годишна жена во Карпош и побегнал, но подоцна е приведен од полицијата

Осумдесетгодишна жена била прегазена од автомобил вчера на улицата Бранислав Нушиќ во скопската населба Карпош, информира МВР.

Жената е хоспитализирана, а возачот побегнал од местото на настанот, но потоа е идентификуван од страна на полицијата. Станува збор за лице на 20-годишна возраст од Скопје.

– Вчера, во Скопје, на улицата Бранислав Нушиќ, патничко возило „нисан микра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. Т. (20) од Скопје, удрило во пешакот Л. Ц. (80) од Скопје и го напуштило местото на несреќата. Во несреќата тешки телесни повреди добила Л. Ц. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – информираат од МВР.