Преглед квалификации ЕУРО: Англија славеше во Неапол, рекорди на Кејн и Роналдо

Англиската фудбалска репрезентација на отворањето на квалификациите за ЕУРО 2024 ја победи Италија со 2:1 во натпреварот од групата Ц во Неапол, реванширајќи им се на на „Аѕурите“ за поразот во финалето на последното Европско првенство.

Уште на првиот ден од квалификациите за ЕУРО 2024 во Германија донесе вистинско дерби. Реприза на последното финале на континенталното првенство, пресметката на Италија и Англија во Неапол. „Аѕурите“ по подобро изведување на пенали го победија „Горди Албион“ во финалето на последното ЕУРО на лондонски „Вембли“. Англичаните сега им возвратија на жешкиот италијански југ, на неаоплскиот стадион „Диего Армандо Марадона“.

Гостите одлично го отворија натпреварот. Во 12 минута Џуд Белингам имаше добра шанса, но Џанлуиџи Донарума го одбрани неговиот удар со одбиање на топката во корнер. Сепак, во следната акција Англија поведе а голот го постигна Деклан Рајс.

Во 32 минута Калвин Филипс се закани, но шутираше далеку од голот. Десет минути подоцна гостите добија пенал по играњето со рака на Џовани Ди Лоренцо. Српскиот судија Срѓан Јовановиќ прво сигнализираше дека играта треба да продолжи, но по повик од ВАР-собата ја смени одлуката.

Пеналот го изведе Хари Кејн по што зголеми на 2:0. Тоа беше негов 54-ти гол во дресот на Англија, со што стана најдобар стрелец во историјата на „Гордиот Албион“. По него е Вејн Руни со 53 погодоци, додека на третото место е Боби Чарлтон со 49 гола.

Италија успеа да намали во 56 минута, а голот го постигна 23-годишниот Матео Ретеги во првиот настап во дресот на „Аѕурите“. Ретегу е роден во Аргентина, игра за Бока Јуниорс и никогаш не бил во Италија, но неговата баба е Италијанка, па ја прифатил поканата на италијанскиот селектор Роберто Манчини.

Во 80 минута гостите останаа со играч помалку по глупиот потег на Лук Шо. Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед за само 54 секунди заработи два жолти картона и на тој начин ја загрози победата на Англија. Италија и покрај притисокот не успеа да израмни.

Во вториот натпревар од оваа група, Македонија со идентичен резултат ја победи Малта. Сите три гола дојдоа во вториот дел, Ељиф Елмас во 66 и Дарко Чурлинов во 72 погодина за македонската селекција а Јаник Јанкам во 86 минута за гостите.

Вечерта сепак беше во знакот на Кристијано Роналдо кој, исто така, постави рекорд со тоа што стана играч со најмногу репрезентативни настапи во историјата. Популарниот „ЦР7“ играше од првата минута за Португалија на натпреварот против Лихтенштајн на отворањето на квалификациите за ЕУРО 2024 година, со што го забележа својот 197-ти настап во националниот дрес. До вечерашниот настап Португалецот го делеше рекордот со кувајтскиот напаѓач Бадер Ал Мутава.

Португалија рутински победи со 4:0, а головите ги постигнаа Жоао Кансело во 8, Бернардо Силва во 47 и Кристијано Роналдо во 51 од пенал и во 63 минута, со што стаса и до 120 гола во дресот на Португалија.

Во вториот натпревар од оваа група, Босна и Херцеговина во Зенија го совлада Исланд со 3:0 во Зеница со головите на Раде Круниќ во 14 и 40 и Амар Дедиќ во 63 минута.

Словачка и Луксембург одиграа без голови.

Во групата Х, Данска ја победи Финска со 3:1, а херој на домашната победа беше тројниот стрелец Расумс Хојлунд во 21, 82 и 90+3, а Оливер Антман во 54 минута погоди за Финска.

Во претходниот натпревар од оваа група Словенија во Астана го победи Казахстан со 2:1. Домашните поведоа, но Словенија во вториот дел го сврте резултатот. Максим Самородов го доведе Казахстан во водство во 24 минута. Давид Брекало израмни во 47 минута, а Жан Випотник во 78 минута им донесе победа на гостите.

Северна Ирска на гости го совлада Сан Марино со 2:0, а двата гола ги постигна Дион Чарлс во 24 и 55 минута.

ГРУПА В
Италија – Англија 1:2
Македонија – Малта 2:1

ТАБЕЛА:
1. Англија 1 1 0 0 2-1 3
1. Македонија 1 1 0 0 2-1 3
3. Украина 0 0 0 0 0-0 0
4. Италија 1 0 0 1 1-2 0
4. Малта 1 0 0 1 1-2 0

ГРУПА Х
Казахстан – Словенија 1:2
Данска – Финска 3:1
Сан Марино – Северна Ирска 0:2

ТАБЕЛА:
1. Данска 1 1 0 0 3-1 3
2. Северна Ирска 1 1 0 0 2-0 3
3. Словенија 1 1 0 0 2-1 3
4. Казахстан 1 0 0 1 1-2 0
5. Финска 1 0 0 1 1-3 0
6. Сан Марино 1 0 0 1 0-2 0

 

ГРУПА Ј
БиХ – Исланд 3:0
Португалија – Лихтенштајн 4:0
Словачка – Луксембург 0:0

ТАБЕЛА:
1. Португалија 1 1 0 0 4-0 3
2. БиХ 1 1 0 0 3-0 3
3. Луксембург 1 0 1 0 0-0 1
3. Словачка 1 0 1 0 0-0 1
5. Исланд 1 0 0 1 0-3 0
6. Лихтенштајн 1 0 0 1 0-4 0