Преглед Лига Европа: Севилја го елиминираше Манчестер Јунајтед, Рома по продолженијата го мина Феенорд

Севлја оствари победа од 3:0 (1:0) на домашен терен против Манчестер Јунајтед во реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа, со што шпанскиот тим се квалификуваше во полуфиналето, бидејќи првиот натпревар беше пред неделата да заврши со резултат 2:2.

Во 47 минута Иван Ракитиќ изведе корнер, а во скокот пред голот највисок беше Баде и со глава ја затресе мрежата. Пред тој гол, Ен-Несири казни една од двете големи грешки на гостинската одбрана, првиот гол го постигна мароканскиот напаѓач во 8 минута откако Мегваер ноншалантно реагираше на околу 20 метри од сопствениот гол, а вториот во 81 минута кога му беше додадена топка.подарена од Де Геа.

Севилја во мај ќе игра во полуфиналето против Јувентус, кој во четвртфиналето го исфрли Спортинг од Лисабон.

Откако Јувентус победи со 1:0 во првиот меч во Торино, во реваншот во Лисабон беше 1:1 во Лисабон. Гостите поведоа преку Рабио, кој најдобро се снајде во мешаницата пред голот на домаќините во 9 минута, но само 10 минути подоцна токму Рабио напави пенал откако го фаулираше Угарте, а Едвардс беше сигурен реализатор на најстрогата казна. Бидејќи резултатот не се менуваше, Јувентус оди натаму со минималните 2:1.

Во полуфиналето се пласираше и Баер од Леверкузен кој како гостин во Брисел го совлада Унион Сен Жилоаз со 4:1, а бидејќи првиот меч пред една седмица беше 1:1, германскиот тим победи со вкупни 5:2. Натпреварот започна одлично за Баер, бидејќи Дијаби постигна гол во 2 минута за водство. Пред крајот на првото полувреме, Бакер во 38 минута зголеми на 2:0, а третиот гол за Баер го постигна Фримпонг од контранапад во 60 минута. Терхо ја врати надеждта кај домашните со прецизен удар од 16 метри во 64 минута, но сите сомнежи за победникот ги отстрани Хложеки, кој во 79 минута искористи одлично додавање на Фримпонг за конечни 4:1.

Фудбалерите на Рома се последните полуфиналисти во Европската лига, тие во реваншот од четвртфиналето на домашен терен го совладаа Феенорд со 4:1 по продолженијата и со тоа ја надополнија негативата од 0;1 од првиот натпревар во Ротердам. По 90 минути игра во Рим, резултатот беше 2:1 за Рома. Спинацола погоди во 60 минута за предност на Рома, израмни Паиксао во 80 минута со глава по убава акција, а Волчицата од елиминација ја спаси Дибала во 89 минута кога ја прими топката на шест метри од голот и успеа од свртување да ја затресете мрежата на гостите.

Во продолжението Ел Шарави го искористи одличното приземни нафрлување на Абрахам за 3:1 во 101 минута, а во 109 минута капитенот Пелегрини натрча на одбиената топка откако Бијлоу го одбрани ударот на Абрахам и ја смести топката во мрежата.

Минатата сезона Рома и Феенорд играа во првото финале во Конференциската лига, а и тогаш како победник излезе италијанскиот тим. Рома во полуфиналето ќе игра против Баер Леверкузен

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.