Преглед Лига на нациите: Германија ја демолира Италија, Унгарија ја декласираше Англија

Germany's forward Thomas Mueller (2nd L) celebrates with Germany's midfielder Joshua Kimmich (2nd R) the 4-0 goal during the UEFA Nations League football match Germany v Italy at the Borussia Park stadium in Moenchengladbach, western Germany, on June 14, 2022. (Photo by Ina Fassbender / AFP)

Во едно од најголемите фудбалски ривалства на национално ниво, во судирот на поранешните повеќекратни светски и европски прваци, Германија во Менхенгладбах ја надигра Италија со 5:2 израмнувајќи ја највисоката победа во меѓусебните дуели, додека во вториот дуел од групата Унгарија со 4:0 ја шокираше Англија остварувајќи ја првата победа на Островот по 1953 година.

Германија одигра одличен натпревар против сѐ уште актуелните европски прваци и по 70 минути водеше со 5:0. Невообичаено за оваа селекција, наместо во финишот да го дотолчи противникот, Германците го намалија темпото што им овозможи на „Аѕурите“ со дава погодока да го избегнат најтешкиот пораз во историјат на меѓусебните дуели и да го израмнат рекордниот пораз од Германија од ноември 1939 година.

Стрелци за домашните беа Џошуа Кимих во 10, Илкај Гундоган од пенал во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме, Томас Милер во 51 и Тимо Вернер во 68 и 69 минута. За Италија погодија Вилфрид Гнонто во 78 минута станувајќи најмлад стрелец во историјата на оваа репрезентација. Младиот напаѓач на швајцарски Цирих постигна гол со 18 години и 222 денови, соборувајќи го рекордот на Бруно Николо кој имаше 18 години и 258 денови кога стана стрелец за „Аѕурите“ против Франција (2:2) во 1958 година. Во последните минути од денешниот меч Алесандро Бастони го постави конечниот резултат.

Ова беше само третата победа на Германија над Италија во последните 12 меѓусебни дуели. Германија последен пат победи во четвртфиналето на Европското првенство во 2016-та во Бордо по подоброто изведување на пеналите, а истата година беше подобар и во пријателскиот натпревар во Минхен со 4:1. Претходно победи во јуни 1995 година во пријателски меч во Цирих. Германија, инаку, последен пат против Италија на официјален натпревар постигнала повеќе од еден гол во далечната 1970 година во полуфиналето од Светското првенство во победата од 4:3.

 

Во вториот дуел од истата група во елитната дивизија на Лигата на нациите, Унгарија на стадионот „Молино“ во Вулверхемптон го декласираше европскиот вицепрвак Англија со 4:0. Ова беше првата унгарска победа на Островот по дамнешната 1963 година кога „Лесната коњица“ на лондонски „Вембли“ го потопи „Гордиот Албион“ со 6:3. Тоа воедно беше и првата победа воопшто на некоја странска екипа против Англија на нејзиниот фудбалски храм.

Унгарија ја победи Англија и во првиот дуел од ова сезона на 4-ти јуни во Будимпешта, првпат по 60 години. Во историската вечер за унгарскиот фудбал стрелци беа Роланд Салаи во 16 и 70, Жолт Наѓи во 80 и Даниел Газдаг во 89 минута.

По четирите кола Унгарија изненадувачки води во групата со седум бодови, пред трите поранешни светски прваци. Германија е втора со шест бодови, Италија има пет, а Англија е последна со само два бода.

 

Во Групата 4, Холандија одигра возбудлив дуел со Велс во кој на крајот победи со 3:2. Домашните поведоа со 2:0, а гостите израмнија, но Мемфис Депаи ѝ ја донесе победата на Холандија со погодок во четвртата минута од судиското продолжение на мечот. Претходно за Холандија стрелци беа Ноа Ланг во 17 и Коди Гакпо во 23 минута, Велс намали во 26 минута преки Бренан Џонсон а во втората минута од судиското продолжение на мечот од пенал израмни Герет Бејл.

Во истата група Белгија на гостувањето ја победи минимално Полска со голот на Миши Батшуаи во 16 минута.

На мини-табелата води Холандија со 10 бодови, Белгија има седум, Полска четири а Велс еден бод.

РЕЗУЛТАТИ И ТАБЕЛИ

 

ЛИГА А

Група 3
Германија – Италија 5:2 (Кимих 10, Гундоган 45-11 м, Мулер 51, Вернер 68, 69/ Гнонто 78, Бастони 90+30)
Англија – Унгарија 0:4 (Салаи 16, 70, Наѓи 80, Газдаг 89)

Табела:
1. Унгарија 4 2 1 1 7:3 7
2. Германија 4 1 3 0 8:5 6
3. Италија 4 1 2 1 5:7 5
4. Англија 4 0 2 2 1:6 2

Група 4
Холандија – Велс 3:2 (Ланг 17, Гакпо 23, Депај 90+4/ Џонсон 26, Бејл 90+2 -11 м.)
Полска – Белгија 0:1 (Батшуаји 16)

Табела:
1. Холандија 4 3 1 0 11:6 10
2. Белгија 4 2 1 1 9:6 7
3. Полска 4 1 1 2 5:10 4
4. Велс 4 0 1 3 5:8 1

ЛИГА Б

Група 1
Украина – Ирска 1:1 (Довбик 47/ Колинс 32)
Ерменија – Шкотска 1:4 (Бичачакјан 7/ Армстонг 15, 45, Мекгин 50, Адамс 54)

Табела:
1. Украина 3 2 1 0 5:1 7
2. Шкотска 3 2 0 1 6:4 6
3. Ирска 4 1 1 2 4:3 4
4. Ерменија 4 1 0 3 2:9 3

Група 3
БиХ – Финска 3:2 (Пјаниќ 5-11 м, Џеко 29, 58/ Пукки 11, Калман 19)
Романија Црна Гора 0:3 (Вујачиќ 42, Мугоша 56, 63)

Табела:
1. БиХ 4 2 2 0 6:4 8
2. Црна Гора 4 2 1 1 6:3 7
3. Финска 4 1 1 2 5:5 4
4. Романија 4 1 0 3 1:6 3

ЛИГА Ц

Група 1
Турција – Литванија 2:0 (Ајхан 38, Чаханоглу 54)
Луксембург – Фарски Острови 2:2 (Родригес 12-11м, Переира 49/ Бјарталиа 57, 60)

Табела:
1. Турција 4 4 0 0 14:0 12
2. Луксембург 4 2 1 1 5:4 7
3. Фарски Острови 4 1 1 2 4:8 4
4. Литванија 4 0 0 4 1:12 0

ЛИГА Д

Група 1:
Молдавија – Андора 2:1 (Каимаков 26-11м, Николаеску 50-11м/ Виеира 45+4)
Лихтенштајн – Летонија 0:2 (Гутковскис 20, 28)

Табела:
1. Латвија 4 4 0 0 10:2 12
2. Молдавија 4 2 1 1 6:5 7
3. Андора 4 1 1 2 3:5 4
4. Лихтенштајн 4 0 0 4 0:7 0