Преглед ЛШ: Баерн и Јуве веќе ја минаа групната фаза

44
Juventus’ Paulo Dybala (L) scores the gol (1-0) during the UEFA Champions League group H soccer match Juventus FC vs Zenit St. Petersburg at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 02 November 2021. ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Баерн и Јувентус обезбедија пласман во осминафиналето од годинешната кампања во Лигата на шампионите, откако во вторникот вечерта во средбите од четвртото коло ги впишаа и четвртите победи. Баерн во Минхен ја победи Бенгика со 5:2, а Јувентус во Торино со 4:2 беше подобар од Зенит.

Средбата во Минхен во рамките на Групата Е и победата ја одбележа полскито напаѓач Роберт Левандовски, кој во својот 100-ти натпревар во Лигата на шампионите постигна три гола, имаше асистенција и не реализираше пенал. Левандовски така стаса до бројката од 81 погодок во елитното континентални натпреварување.

Баерн поведе во 26 минута со првиот гол на Левандовски. Четири минути подоцна беше 2:0, а овојпта Полјакот беше асистент а Серж Гнабри со петица ја погоди мрежата на гостите. Бенфија се врати во мечот во 38 минута пореки Мората кој ја надвиси домашната одбрана ио нафрлувањето на Алехандро Грималдо го претвори во убав гол со глава. Одличното прво полувреме Баварците можеа да го крунисатаат и со трет погодок, откако полскиот судија Жимон Марцинијак досуди пенал за Баерн поради и играње со рака. Шутираше Левандовски, но лоши па грчкиот голман на Бенфика, Одиесеа Влаходимос лесно одбрани. Муњез намали на 2:4 во 76 минута, а Левандовски во 85 минута го постигна конечниот резултат.

Ова беше првиот промашен пенал на Левандовски во Лигата на шампионите откако ги реализираше сите досегашн 12. Интересно е што Левандовски стана првиот фудбалер во ова натпреарување кој на еден меч постигнал погодок, асистирал и промашил пенал, а последен на кое тоа му успеа неше Диего Кошта во дресот на Атлетико Мадрид против виенска Австрија.

Во вториот натпревар од оваа група, неубедливата разнишана Барселона во Киев го победи Динамо со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Ансу Фати во 71 минута.

На табелата во Групата Е води Баерн со сите 12 бодови, Барселона има 6, Бенфика 4 а Динамо еден бод.

Пласман во осминафиналето од Групата Х оствари Јувентисј кој славеше дона над Зените од Санкт Петербург. За торинската „Стара дама“ стрелци беа Паоло Дибала во 11 и 56 минута од пенал, Федерико Киеза во 74 и Алваро Мората во 82 минута, а за гостите израмнувњето во 26 минута го донесе автоголот на Леоонардо Бонучи а поразот го ублажи во 90 минута Сардар Азмун.

Во претходно одиграниот дуел Челзи ја оствари третата победа откако по 4:0 на домашен терен против Малме сега во Шведска славеши со 1:0, со голот на Хаким Зијех во 56 минута. Но резултатот не го отсликува она што се одвиваше на теренот, бидејќи актуелниот шампион во Лигата на шампионите беше супериорен и доминираше во текот на целиот меч.

На табелата води Јувентус со 12 бодови, Челзи има 9, Зенит има 3 а Малме е без бодови.

 

Во Групата Ф Аталанта двапати водеше против Манчестер Јунајтед, но на крајот дуелот заврши без победник 2:2. „Црвените ѓаволи“ ги спаси Кристијано Роналдо постигнувајќи ги погодоците во судиското продолжение на првото и на второто полувреме. За Аталанта стрелци беа Јосип Иличич во 12 и Дуван Запата во 58 минута.

Во второто соочување од оваа група Вилјареал го победи Јанг Бојс со 2:0, а стрелци беа Етјен Капуе во 26 и Арно Данжума во 89 минута.

На табелата водат Вилјареал и Манчестер Јунајтед со по 7 бодови, Аталанта има 5, а Јанг Бојс е на 3 бода.

 

Во Групата Г, Лил на гостувањето кај Севилја направи пресврт и славеше со 2:1. Шпанскиот претставник поведе во 15 минута со голот на Лукас Окампос, но актуелниот француски првак стаса до победата со погодоците на Жонатан Давид во 43 и Иконе во 51 минута.

Во мечот одигран попладнето Волсфбург на својот терен го победи австрискиот првак Ред Бул Салцбург со 2:1 и му возврати за поразот во минатото коло од 1:3.

Волсфбург поведе веќе во 3 минута со голот на Бак, но по половина час игра Вебер израмни за РБ Салцбург. Рамноправниот натпревар беше решен во 60 минута кога Нмеха погоди за премиерната победа на домашните. Во завршницата гостите притиснаа и бараа израмнување, но не им успеа.

Со победата Волфсбург сега има 5 бодови, колку и Лил и го спречи одлепувањето на водечкиот РБ Салцбург кој остана на 7 бодови, додека Севилја има 3 бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.