Преглед ЛШ: Челзи убедлив против Милан, „петка“ на Сити, трета победа на Реал

Во средбите од третото коло од Групата Е од фудбалската Лига на шампионите, Челзи во Лондон го победи Милан со 3:0, остварувајќи ја првата победа во групата.

Челзи доминираше од првиот момент на натпреварот и италијанскиот шампиони избегна уште поубедлив пораз.

Весли Фофана во 24 минута го донесе во водство лондонскиот тим, а во 57 минута Пјер-Емерик Обамејанг зголеми на 2:0, а пет минути подоцна Рис Џејмс погоди за конечните 3:0. Милан најдобрата шанса ја имаше во последните моменти од првиот дел кога Леао шутираше а Кепа одбрани, топката се одби до Круниќ кој од само пет метри го промаши празниот домашен гол.

Во првиот дуел од оваа група, РБ Салцбург го победи загрепски Динамо со 1:0, а решавачкиот гол го постигна Ноа Окафор од пенал во 70 минута.

По трите кола води РБ Салцбург со пет бодови, Милан и Челзи имаат по четири, а Динамо е последен со три бода.

 

Во средбата од третото коло во Групата Ф, актуелниот европски шампион Реал Мадрид го победи Шахтар со 2:1, а сите три гола беа постигнати во првото полувреме. „Кралскиот клуб“ поведе преку Родруго во 13 и Винисиус Жуниор во 28 минута, а во 39 минута намали Александар Зубков.

Во вториот дуел од истата група РБ Лајпциг ја впиша првата победа во групата, откако на домашен терен со 3:1 го совлада Селтик. Головите за германскиот претставник ги постигнаа Кростофер Нкунку во 27 а потоа по еден поништен погодок за домашните двоен стрелец беше Андре Силва во 64 и 77 минута, за гостите од Шкотска успеаја само да израмнат во 48 минута преку Жота.

На мини-табелата во групата води Реал Мадрид со максималните девет бодови, Шахтар остана на четири бодови, а сега го следи РБ Лајпциг со три бода, додека Селтикс има само еден бод.

 

И Манчестер Сити ја оствари третата победа сезонава, но во групата Г, откако на својот „Итихад“ го декласираше со 5:0 тимот на Копенхаген. Ерлинг Халанд ги постигна двата први погодока во 7 и 32 минута, стасувајќи до фантастичниот показател од 28 голови во 22 настапи во Лигата на шампионите.

Давит Кохјолава во 39 минута ја погоди сопствената мрежа, Ријад Марез во 55 минута реализираше пенал, а Хулијан Алварез во 77 минута ги постигна конечните 5:0.

Во вториот дуел Борусија од Дормунд на гостувањето ја совлада Севилја со 4:1. Рафаел Гвереиро во 6, Џуд Белчингам во 41, Карим Адејеми во 43 и Јулијан Бранд во 75 беа стрелци за германскиот претствник, додека погодокот за домашните го постигна во 51 минута Јусеф ен-Несири.

На табелата води Манчестер Сити со девет бодови и гол разлика 11:1, Борусија е втора со шест бодови, додека Севилја и Копенхаген имаат по бод.

 

Во Групата Д домашната Бенфика и ПСЖ ремизираа со 1:1. Парижаните поведоа во 22 минута, кога акцијата во која учествуваше „ударното трио“ Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси, ја круниса последниот со луциден и прецизен удар од работ на шеснаесетникот. Така Бенфика стана 40-от различен клуб во Лигата на шампионите кому Аргентинецот му дал гол, што досега не го остварил ниеден друг играч/

Данило во 41 минута ја затресе сопствената мрежа за израмнувањето. Францускиот превал беше на чекор до ново водство во 50 минута, но Нејмар ја погоди стативата.

Во истата група Јувентус во Торино со 3:1 го совлада Макаби Хаифа. Адреин Рабио во 35 и 83 и Душан Влаховиќ во 50 минута погодија за „Старата дама“, а Дин Давид во 75 минута за гостите.

ПСЖ и Бенфика имаат по седум бодови, Јувентус ги освои првите три, а Макаби е без бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.