Преглед ЛШ: Минаа Реал, Манчестер Сити и Тотенхемж

Во натпреварите од петтото коло од Лигата на шампионите во вторникот во осминафиналето минаа Реал Мадрид, Манчестер Сити и Тотенхем.

Во Групата А, Реал со попладневното реми во Истанбул мина веќе и пред натпреварот со ПСЖ на својот „Сантијаго Бернабеу“, а во опуштениот дуелот заврши без победник 2:2. Со головите на Карим Бензема, Реал водеше со 2:0 сѐ до 81 минута, а потоа Мбапе и Сарабиа им донеа бод на парижаните.

Галатасарај и Клуб Бриж одиграа 1:1. Турците водеа од 11 минута со голот на Адем Бујук, а Белгијците од пораз ги спаси Крепен Диата во втората минута од судиското продолжение. Веднаш потоа кај гостие беа изсклучени стрелецот и Клинтон Мата.

ПСЖ има 13 водови, Реал 8, Клуб Бриж 3, а Галатасарај 32 бода.

Во Групата Б, Баерни во Белград ја декласираше Црвен ѕвезда со 6:0, а Полјакот Роберт Левандовски постигна само за 15 минути во вториот дел четири гола, додека Тотенхем во Лондон со пресврт го совлада Олимпијакос со 4:2.

Баерн во Белград поведе во 14 минута преку Леон Горетцка, а потоа следеше „шоуто“ на Левандовски кој од 53 од пенал во 60, 64 и 68 минута постигна четири гола, а конечниот резултат го постави Корентин Толисо во 89 минута.

Пирејски Олимпијакос го изненади Тотенхем во Лондон со рабите погодоци на Јусеф ел-Араби во 6 и Рубен Семедо во 19 минута. Домашните намалија во судиското продолжение од провото полувреме преку Деле Али, а потоа во вториот дека Хари Кејн со головите во 50 и 77, и Серж Ориер во 73 минута.

Во оваа Група Б, Баерн Михен со 15 и Тотенхем со 10 бодови одат натаму, а Црвена ѕвезда со 3 бода е во предност пред Олимпијакос со еден бод пред последното коло и борбата за место во Европската лига.

Во Групата Ц, загрепски Динамо беше поразен со 0:2 на гостувањето кај Аталанта. Стрелци за италијанскиот претставник беа Луис Фернандо Муриел Фруто во 27 минута од пенал, и Алехандро Дарио Гомез во 47 минута.

Манчестер Сити и покрај ремито 1:1 со Шахтјор од Донецк практично се квалификуваше во осминафиналето. Англичаните поведоа во 56 година преку Илкај Гундоган, а за Украинците израмни Манор Соломон.

Во оваа Група Ц Манчестер Сити е недостижен со 11 бодови, втор е Шахтјор со 6, трет е Динамо со 5 и последна е Аталанта со четири бодови, па пред последното коло сите три клуба имаа шански со победи да обезбедат осминафинале во Лигата на шампионите или продолжувањето во Европската лига.

Во Групата Д, Јувентус на домашен терен со 1:0 го победи мадриски Атлетико, а шпанскиот претставник сѐ уште го нема осигурано осминафиналето. Победеносниот гол за Јуве го постигна Пауло Дубала во судиското продолжение на првото полувреме.

Баер Леверкузен постигна значајна победа со 2:0 на гостувањето кај московски Локомотив, со што остана во игра за осминафиналето. Германскиот претставник дојде во рано водство во 11 минута со трагикомичниот автогол на Рифат Жемалетдинов, кога со топката го погоди соиграчот Едер а топката заврши во самиот агол од голот на домашните, а водството го удвои Свен Бендер во 54 минута.

Во Групата Д, Јувентус води со 13 бодови, Атлетико има 7, Баер 6 а Локомотив 3 бода.