Преглед ЛШ: „Седумка“ на Баерн за Тотенхем, Реал спаси бод од Бриж

Германскиот репрезентативец Серж Гнабри првпат во кариерата постигна четири погодоци на еден меч и беше главниот креатор на победата на минхенски Баерн од 7:2 (2:1) на гостувањето кај Тотенхем во Лондон во дуелот од второто коло од Групата Б на фудбалската Лига на шампионите.

Тотенхем поведе уште во 12 минута преку Кореецот Сон Хеинг-мин, но Баерн до крајот на првото полувреме успеа да направи пресврт преку Џошуа Кимих веќе во 15 и Роберт Левандовски во 45 минута. Но допрва следуваше вистинската претстава, во која поранешниот играч на лондонски Арсенал – Гнабри беше незапирлив и со четири погодоци, во 53, 55, 83 и 88 минута, на актуелниот европски вицешампион му го нанесе еден од најуверливите порази во меѓународните натпреварувања. Левандовски уште еднаш во 87 минута се запиша меѓу стрелците, а Хари Кејн во 62 минута од пенал намали за тогаш 2:4, и кога се чинеше дека „Спарси“ може да се вратат во мечот.

Во истата група белградска Црвена ѕвезда со пресврт во вториот дел дојде до убедлива победа од 3:1 над Олимпијакос. Гостите поведоа во 37 минута со голот на Семедо и ја одржуваа предноста а во 58 минута останаа со играч помалку, бидејќи порди втор жолт картон беше исклучен Бензиа. „Црвено-белите“ продолжија со поангажираната игра од почетокот на вториот дел и веќе во 62 минута со голот на Милош Вулиќ кој од работ на шеснаесетникот една одбиена топка низ нозете на гостинската одбрана предизвика ерупција на „Рајко Митиќ“. Надмоќта на Ѕвезда во продолжението од мечот ја круниса Немања Милуновиќ со висок скок во 87 минута, и другиот „резервист“ вечерва Ричмонд Боачи во 90 минута.

Баерн во Групата Б води со максималните шест бодови, Црвена ѕвезда е втора со три, а по еден бод имаат Олимпијакос и Тотенхем.

Во Групата Д мадридски Атлетико со 2:0 победи на гостувањето кај московски Локомотив. Во 48 минута брзоногиот млад Португалец Жоао Фелиск од втор обид го совлада домашниот голман Гиљерме, а десе минути подоцна Диего Коста му асистираше на Ганецот Томас за 2:0.

Јувентус без многу напори и возбудувања со 3:о го победи Баер Леверкузен. Стрелци беа Гонзало Игуаин во 17, Бернардески во 62 и Кристијано Роналдо во 89 минута.

Во Групата Д Јувентус и Атлетико го делат врвот со по четири бодови, Локомотив е трет со три, а без бодови е Баер.

Во Групата А, ПСЖ со голот на Мауро Икарди во 52 минута минимално славеше на гостувањето кај Галатасарај.

Во претходно попладнето одиграниот натпревар, фудбалерите на Реал Мадрид на својот стадиот успеаја да надоместат заостанување од два гола од првото полувреме и го освоија првиот бод одигрувајќи 2:2 (0:2) протви белгискиот Клуб Бриж.

На стадионот „Сантијаго Бернабеу“ Клуб Бриж поведе со 2:0 со головите на Нигериецот Емануел Денис во 9 и 39 минута. На 1:2 намали Серхио Рамос во 55 минута од сомнителна ситуација но ВАР-от пресуди дека капитенот на „Кралевите“ не се наоѓал во офсајд, а конечните 2:2 го постигна Каземиро, кој со глава од десетина метри го искористи нафрлувањето од Тони Крос. На голот му претходеше прекршок на белгискиот капитен Руд Вормер кој за тоа го заработи вториот жолт картон на мечот и беше исклучен.

На табелата води ПСЖ со шест бодови, втор е Клуб Бриж со два, а по еден бод имаат Галатасарај и Реал Мадрид.

Украински Шахтјор направи изненадување во Групата Ц со 2:1 славеше во Милан каде домаќин беше Аталанта. Аталанта ја имаше првата шанса во 16 минтуа, кога според мислењето на германскиот арбитар Штелер, Кривцов во шеснаесетникот го соборил Јосип Иличич, а по прегледување на снимката го потврди и ВАР системот. Иличил самиот сакаше да го изведе пеналот, но неговиот обид го одбрани Андриј Пјатов. Водечкиот погодок за Аталанта го постигна Дуван Запата во 28 минута, кој со глава го искористи киксот на Пјатов кој сакаше да ја избоксува топката. Но радоста на домашните навивачи не траеше многу долго, бидејќи во 41 минита Бразилците Алан Патрик и Жуниор Мораеш ја изиграа одбраната на Аталанта. Патрик асистираше до Мораеш кој се уфрли зад домашната одбрана со дроблинг го исфрли и стрчаниот Голини и ја испрати топката во небранетата мрежа. Победничкиот погодок за Украинците го постигна Израелецот Манот Соломон во последната акција на мечот.

Во истата група, Манчестер Сити го реши дуелот со загрепски Динамо во второто полувреме. Динамовци успеваа умешно да се бранат до 66 мунута, кога гол постига Рахим Стерлинг, а на конечните 2:0 зголеми 19-годишниот Фил Фоден во петтата минута од судиското продолжение. Динамо не создаде ниедна шанса на мечот, додека англискиот првак не реализираше бројни шанси, особено во првото полуврме.

Во Групата Ц во водство е Манчестер Сити со 6 бодови, додека го следат Димано Загреб и Шахтјор Донец со по 3 бода, кои двете екипи ги освоија во дуелите со Аталанта која е последна на мини-табелата без бодови.