Преглед ЛШ: Јунајтед го урна ПСЖ, Лацио сигурен против Борусија

Во дербито на вечерта во првото коло на новата сезона во фудбалската Лига на шампионите Манчестер Јунајтед со одлична игра на „Паркот на принцовите“ го победи со 2:1 домашниот европски вицешампиони Пари Сен Жермен.

Фаворитите Барселона, Јувентус и РБ Лајпциг очекувано во новата сезона влегоа со победи, а во вторникот вечерта единствено без голови заврши дуелот на „Стенфорд Бриџ“ меѓу Челзи и Севилја.

Во Париз манчестерските „Црвени ѓаволи“ потсетија на нивините стари денови на успесите и славата, сосема заслужено стасувајќи до трите важни бода на стартот на групната фаза во Лигата на шампионите.

Гостите поведоа во 23 минута со голот на Бруно Фернандеш од пенал. Портуалецот беше прецизен дури од вториот обид, откао Кејлор Навас го одбрани неговиот прв удар, но голманот на ПСЖ предвреме тргна од гол-линијата, па ударот беше повторен. Најстрогата казна ја направи Анди Диало кој во шеснаесетникот го собори Антони Мартиал. ПСЖ израмни во 55 минута кога Нејмар нафрли од корнер, а Марсиал со глава ја спроведе топката во соптвената мрежа. Далеку подобрата игра Јунајтед ја круниса со ново водство во 87-та минута со убавиот удар на Маркус Рашфорд од работ на шеснаесетникот.

Во вториод меч од Групата Х, РБ Лајпциг очекувано го порази турскиот Истанбул Бешакшејир со 2:0, а двата погодока ги постигна Анхелино, во 16 и во 20 минута.

Во Групата Г, пак, Јувентус и Барселона со победи ја отворија европската сезона.

Барселона на својот „Камп Ноу“ го победи унгарскиот претставник Ференцварош со 5:1 во рутинска претстава, иако се доби впечатокот дека Каталонците уште многу треба да работат на сигурноста во играта во одбрана.

Славјето на Барса го расипа црвениот картон на Жерар Пике кој во 68 минута направи пенал и притоа заработи исклучување откако како последен играч во одбраната се чини непотребно го собори Токмак Н’гуено, а од белата точка прецизен беше Каратин. За домашните, головите ги постигнаа Меси во 27 минута од пенал, Ансу Фати во 42, Котињо во 52, Педри во 82 и Дембеле во 89 минута.

Јувентус во Киев и без Кристијано Роналдо, кој е позитивен на коронавирусот, го победи Динамо со гловите на Алваро Мората во 46 и 84 минута, иако тимот од Торино можеше и поубедливо да слави.

Во Групата Е на лондонски „Стенфорд Бриџ“ Челзи и Севилја прикажаа скромна претстава без голови.

И во вториот натпревар од оваа група немаше победник, но противниците барем постигнаа по еден погодок покрај пропуштените низа добри шанси. Рен и Краснодар одиграа 1:1, откако Гвираси во 56 минута од пенал во водство ги доведе домашните, а три минути подоцна израмни Рамирез

Во Групата Ф на римски „Олимпико“ Лацио со 3:1 ја совлада Борусија Дормунд. При водечкиот погодок на домашните Лукас Леива пресече додавање на Томас Муние, а во продолжението на акцијата погоди Чиро Имобиле. Во 23 минута веќе беше 2:0, откако Луиз Фелипе нафрли од корнер а Хитц ја затресе сопствената мрежа. Борусија намали во 71 минута со голот на Ерлинг Халанд, но само пет минути подоцна Акпа Акпро ги постави конечните 3:1.

Во првиот натпревар од оваа група белгиски Клуб Бриж во Санкт Петербург го изненади Зенит со 2:1. Гостите поведоа во 63 минута со голот на Емануел Денис, на што жестоко реагираа домашните, Зенит израмни во 74 минута откако Хрватот Дејан Ловрен биеше од 25 метри, а топката од стативата се одби од грбот на голманот Етан Хотват а потоа заврши во мрежата. Во последните моменти од дуелот, Де Каталаер по една брза акција го направи најголемото изненадување вечерва.