Преглед на ЛЕ 1: Гостински победи на Арсенал, Рома и Ренџерс

Фудбалерите на Арсенал, Рома и Ренџерс го отворија годинашното натпреварување во Лига Европа со гостински победи против Рапид, Јанг Бојс и Стандард Лиеж.

Рома во средбата од Групата А на гостувањето го победи Јанг Бојс со 2:1, правејќи пресврт во последните 20 минути од натпреварот. Домапните поведоа во 14 минута со голот на Нсаме од пенал, израмни Бруно Перез во 69 а пет минути подоцна Камбула ѝ ја донесе победата на римската „Волчица“.

Арсенал со идентичен резултат во Виена славеше против Рапид во дуелот од Групата Б. И во овој меч домашните поведоа, преку Фунтас во 51 минута. Израмни Давид Луиз во 79 а четири минути подоцна Пјер-Емерик Обамејанг ги доведе „Топчиите“ во водство кое го сочуваа до крајот.

Баер Леверкузен во Групата Ц ја декласираше Ница со 6:2. Головите за „Аптекарите“ ги постигнаа Амири во 11, Аларио во 16, Диаби во 61, Белараби во 79 и 83 и Вирц во 87 минута, додека за францускиот тим стрелци беа Гури во 31 и Клод-Морис во 90 минута.

Во вториот меч од оваа група Хапоел Бе’ер Шева ја порази прашака Славија со 3:1. Голвоите за израелскиот тим ги постигнаа Агудело во 45 и Аголатсе во 86 и 90 минута, додека за гостите погоди Провод во 75 минута.

Во Групата Д Ренџерс на гостувањето го совлада Стандард со 2:0, со головите на Таверние во 19 минута од пенал и на Рофе во третата минута од судиското продолжение.

Во вториот меч од истата група Бенфика на гостувањето го победи Лех со 4:2. Португалците водеа со 1:0 и 2:1, но Лех двапати израмнуваше, а откако Бенфика поведе и по третпат, заврши приказната. Најдобар играч беше тројниот стрелец Нуњез во 42, 60 и 90+3 минута, а Пици погоди во 9 минута од пенал. За домашните двоен стрелец беше Ишак во 15 и 49 минута.

 

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А
ЦСКА Софија – ЦФР Клуж 0:2
Јанг Бојс – Рома 1:2

ГРУПА Б
Дандалк – Молде 1:2
Рапид Виена – Арсенал 1:2

ГРУПА Ц
Баер Леверкузен – Ница 6:2
Хапоел Бер-Шева – Славија 3:1

ГРУПА Д
Стандарден Лиеж – Ренџерс 0:2
Лех Познањ – Бенфика 2:4

ГРУПА Е
ПСВ Ајндховен – Гранада 1:2
ПАОК – Омонија 1:1

ГРУПА Ф
Наполи – АЗ Алкмар 0:1
Ријека – Реал Сосиедад 0:1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.