Преглед на ЛШ: Интер подобар од Борусија, победи на Барселона и Ливерпул

РБ Лајпциг - Наполи 2:3

Во дербито на вечерта од фудбалската Лига на шампионите, Интер на својот стадион „Сан Сиро“ ја победи Борусија Дортмунд со 2:0, додека во вториот меч од оваа група, Барселона потешко од очекуваното со 2:1 ја победи Славија во Прага.

Во најубавиот меч во средата вечерта Наполи на гостувањето во Салцбург го победи домаќинот со 3:2, а средбата ја одбележаа Дриес Мертенс и Ерлинг Баут Хааланд постигнувајќи по два погодоката. Мерентс со тоа стана вториот најдобар стрелец во историјата на Наполи со 116 голови во дресот на Наполи, со што го мина легендарниот Диего Марадона, а на врвот на клупската листа на стрелци е Марек Хамшик со 121 гол. Додека младиот Норвежанец влезе во историјата на Лигата на шампионите како прв играч кој постигнал во првите три кола дури шест погодоци.

Актуелниот европски шампион Ливепрул рутински го одработи гостувањето во Белгија победувајќи го Генк со 4:1, а Бенфика ја оствари првата победа.

Интер сосема заслужено ја победи Борусија Дортмунд. Домашните поведоа во 22 минута со голот на Лаутаро Мартинез по одличната асистенција на Стефан де Вриј. Во последните моменти од првото полувреме гостите имаа голема шанса, но Самир Хандановиќ одлично го запре ударот на Џејдон Санчез. „Нераѕурите“ можеа да го решат мечот во 82 минута, но Мартинез не реализираше пенал, неговиот удар одлично го одбрани Роман Бурки. Сепак, во 89 минута Интер стави точка со голот на Антонио Кандрева.

Во вториот меч од Групата Ф, Барселона во Прага против Славија поведе веќе во 3 минута преку капитенот Лионел Меси. Меѓутоа, домашните играа вдахновено и во првото полувреме создадоа повеќе зрели можности за гол, од кои некои ги спречи Тер Штеген. Сепак, Славија израмни во 50 минута со убавиот гол на Јан Борил. Но радоста на домашните кусо траеше бидејќи во 57 минута примија чуден гол за кој заслужен е Луси Суерез, а се доби впечаток дека еден од одбранбените играчи на Славија ја затресе сопствената мрежа.

На табелата во Групата Ф води Барселона со седум бодови, Борусија Дортмунд и Интер имаат по четири бодови, а Славија само еден.

Во третото голо од Групата Е, Ливерпул кај беглиски Генк дојде во водство уште во втората минута преку Алекс Окслејд-Чемберлен, а истиот играч во 58 минута со одличен шут од 20-ина метри зголеми на 2:0. До крајот на мечот голови постигнаa и Садио Мане во 78 и Мохамед Салах во 87 минута, додека Одеи во 88 минута го ублажи поразот на домашните.

Во вториот меч од оваа група Наполи со 3:2 беше подобар кај РБ Салцбург. Гостите поведоа во 17 минута по убавата акција која со гол ја круниса Дриес Мертенс. Израмни Ерлинг Браут Хааланд од пенал во 41 минута, Мертенс во 65 минута повторно ги носи гостите во водство. Салцбург уште еднаш израмни во 74 минута со погодокот на млaдиот Норвежанец, Меѓутоа, само минута подоцна Инсиње постигна погодок за 3:2 за Наполи, што беше и конечниот резултат.

На табелата во Групата Е води Наполи со седум бодови, Ливерпул има шест, Салцбур има три, а Генк еден бод.

Во средбата од третото коло до Групата Г, РБ Лајпциг го победи Зенит со 2:1, иако гостите имаа водство по првото полувреме. Рускиот тим поведе во 25 минута со убавиот гол на Јарослав Ракитски од 20 метри, но Лајпциг во продолжението беше подобaр и заслужено дојде до новите три бода. Домашните израмнија во 49 минута преку Конрад Лајмер на асистенција на Марсел Забицер кој десет минути подоцна со фантастичен гол направи пресврт. До крајот на мечот Лајпциг беше поблиску до третиот погодок, отколку Зенит до израмнување.

Во вториот дуел од групата Бенфика со 2:1 го победи Лион, што е нејзина прва победа. Португалскиот тим поведе во 4 минута со голот на Рафа Силва, но израмни Мемфис Депаи во 70 минута. Сепак домашните беа уште еднаш прецизни во 86 минута, а стрелец беше Пици.

Во Групата Г, РБ Лајпциг е моментално во водство со шест бодови, Лион и Зенит имаат по четири, а Бенфика има три бода.

Во Групата Х, Челзи во Амстердам со голот на Мишу Батшуаи во 86 минута го совлада Ајакс. Се чини ова беше најнеинтерсниот меч во средата, иако имињата на противниците ветуваа многу повеќе. Ајакс беше поблиску до победата, но на крајот трите бода отпатуваа во Лондон. Ајакс постигна погодок во 37 минута, но судијата Хатеган по проверката на ВАР-от досуди милиметарски офсајд во кој беше Промес, а домашните можеа да поведат и во 59 минута, но Алварез по изведениот корнер ја погоди стативата.

Во вториот меч од истата група Лил и Валенсија одиграа 1:1. Гостите поведоа во 63 минута со голот на Денис Черишев, но во 84 минута останаа со играч помалку, откако беше исклучен Муктар Диакаби. Домашните ја искористија бројната предност и израмнија преку Нанитамо Иконе дури во петтата минута од судиското продолжение.

Сега на мини-табелата од Групата Х, Ајакс и Челзи се израмнети со по шест бодови, Валенсија има четири, а Лил еден бод.