Преглед на осминафиналните дуели во Лига Европа  

Фудбалерите на Базел и Вулверхемптон се подледните два четвртфиналисти во Лига Европа, откако претходно во четвртокот тоа го сторија и Севилја и Баер Леверкузен.

Базел во реваншот со 1:0 на домашен терен го овлада Ајнтрахт од Франкфурт потврдувајќи го успехот од 3:0 на гости од почетокот на март. Иако овој дуел речиси беше решен, домашните беа сакаа уште еднаш да потврдат дека се подобри што им успеа со голот на Фреи во 88 минута.

Базел во четвртфиналето на 11-ти август во Гелзенкирхен ќе игра против Шахтјар од Донецк, кој во средата го елиминираше Волфсбург.

Многу поинтересно беше на Островот каде домашниот Вулверхемптон го совлада грчкиот шампион Олимпијакос со 1:0 со голот на Раул Хименез од пенал уште во 8 минута, што покрај 1:1 од првиот меч во Пиреа му овозоможи пласман меѓу последните осум тима.

Вулверхемптон така ќе се соочи со Севилја во Дузбург на 11-ти август.

Претходно во четвртокот Севилја во единствениот меч од осминафиналето одигран на неутралниот терен во Дуизбург га надигра Рома со 2:0. Шпанскиот тим го реши прашањето на победникот во првото полувреме, со погодоците на Регуљон по солопробивот во 22 минута, а во 44 минута водството го удвои ен-Несри по продорот на Окампос по левата страна и повратното проигрување.

Баер уште пред речиси пет месеци во Глазгов го заврши поголемиот дел од работата кога победи со 3:1, а вечерва на својот терен во Леверкузен се задоволи со минималната победа врз Ренџерс со голот на Диаби во 51 минута.

Баер во четвртфиналето на 10-ти август во Диселдорф ќе игра против милански Интер, кој во средата го елиминираше Хетафе.