Преглед на резултатите во Лигата на нациите на УЕФА

Фудбалските селекции на Шпанија и Германија забележаа минимални победи во средбите од третото коло од Групата 4 од елитната класа во Лигата на нација на УЕФА.

Шпанија во Мадрид на стадионот „Алфредо Ди Стефано“ ја совлада Швајцарија со погодокот на Микел Ојарзабал во 14 минута.

Во вториот меч од лигата Германија поведе со головите на Матијас Гинтер во 20 и Леон Горецка во 49 минута, погодок кој беше „подорак“ домашниот голман Георги Бушчан кому топката му испадна од рацете токму на главата на германскиот фудбалер. Руслан Малиновски од пенал во 77 минута го намали резултатот на 1:2.

Интерерсно, ова беше само првата победа на Германија во ова натпреварувања. Во првото минатогодишно издание на Лигата на нациите, Германија впиша два пораза и две нерешени средбин, а ова сезона натпреварувањето го започна со две ремија.

Шпанија во оваа група води со 7 бодови, Германија има 5, Украина 3 а Швајцарија е последна со еден бод.

Во Групата 1 од Лигата Ц, Црна Гора ја забележа третата победа совладувајќи го Азербејџан на домашен терен со 2:0 со головите на Јовиќ во 9 и Ивановиќ во 71 минута,

Во другиот меч од истата група Луксембург со двата гола на Синани во 12 и 26 минута го порази Кипар.

На мини-табелата во Лигата Ц Црна Гора води со 9 бодови, пред Луксембург кој има 6 бодови, Азербејџан има 3 а Кипар е без бодови.

Во Лигата Д во Групата 1, Фарски Острови и Латвија (Летонија) играа без победник. Гостите поведоа преку Икауниекс во 25 минута, а израмни по четири минути Фаеро. Андора и Малта одиграа без голови.

На табелата во водство се Фарски Острови со 7 бодови, Летонија има 4, а Малта и Андора по 2 бода.

Во Групата 2 од истата Лига Д, Гибралтар со голот на Де Бар во 10 минута го изненади домаќинот Лихтенштајн.

На табелата Гибралтар има 6 бодови, Лихтенштан има 3 а Сан Марино е без бодови.