Преглед НБА: Ембид го повреди коленото по враќањето на паркетот

Еден од најдобрите играчи на центарската позиција во НБА Лигата, Џоел Ембид ноќта кон саботата по едно забивање незгодно доскокна на левата нога и го повреди коленото на гостувањето на Филаделфија 76ерс кај Вашингтон Визардс, каде неговиот тим славеше со 127:101, иако нивниот најдобар играч го напушти паркетот во третата четвртина од дуелот.

До несреќниот момент Ебид постигна 23 коша со 7 скокови, а клубот најави дека колку е сериозна неговата повреда ќе се знае по прегледот со магнетна резонанца. За Ембид ова беше првиот меч откако го пропушти настапот на „Ол стар“ викендот во Атланта, бидејќи бил во контакт со лице заболено од Covid-19.

Во победата на Филаделфија во Вашингтон значителен придонес имаа играчите од лкупата Шејк Милтон и Фуркан Коркмаз кои постигнаа по 18 коша. Расел Вестбрук беше најдобар кај домашните со 25 поени, 8 асистенции и 5 скокови, додека најдобриот стрелец во лигата Бредли Бил уфрли 19 коша, иако пред мечот неговиот настап беше проблематичен поради болки во левото колено.

 

По паузата поради „Ол стар викендот“ првиот меч го одиргаа и Јута Џез кои во Солт Лејк Сити ги дочекаа Хјустон Рокетс и ги победија со 114:99, што за Џез е првата победа во март.

Донован Мичел со 28 коша, 8 асистенции и 7 скокови ги водеше штесте кошаркари на Џез кои имаа двоцифрено остварување. Мајк Конли постигна 20 коша, Руди Гобер беше доминантен во рекетите со 14 поени, 13 скокови и 6 блокади.

Кевин Портер џуниот, кој настапи на вториот меч откако беше повлечен од развојната Џи-лига, со 27 поени и 8 асистенции беше најдобар кај Хјустон кој го претпрпе 15-от последователен пораз.

 

Најнеизвесен натпревар минатата ноќ беше одигран во Мемфис, каде домашните Гризлис на крајот беа поразени со 102:103 од госите од Денвер. Домашните го имаа нападот за победа, Џа Морант одеше на положување покрај Никола Јокиќ и промаши, а судиите нивниот контакт го квалификуваа како чист, иако најдобриот играч на Мемфис жестоко протестираше убеден дека бил фаулиран.

Најдобар играч на мечот беше Никола Јокиќ со 28 коша, 15 скокови и 7 асистенции, а најважен потег беше неговата одбранбена акција на Морант кој го заврши дуелот со 16 поени и 9 асистенции. Кај Денвер голем придонес имаа и Вил Бартон и Мајкл Портер џуниор со по 21 кош, со што го надоместија очајниот шутерски удел на Џамал Мареј кој постигна само 3 поена со погодок од игра 1 од 14. Дил Брукс и Брендон Кларк беа најдобри стрелци кај Мемфис со по 20 поени.

 

Во првиот меч по „Олс стар викендот“, Лос Анџелес Лејкер на својот паркет ги совладаа гостинските Индијана Пејерс со 105:100 надоместувајќи 12 поени заостанување од почетокот на последната четвртина.

Кајл Кузма беше најдобар кај домаќините со 24 коша и 13 скокови, а победата на Лејкерс ја запечати Кентавиус Клодвел-Поуп со украдената топка на 8,5 секунди пред крајот и со погоденото слободно фрлање. Леброн Џејмс беше најдовар од стартната петорка со 18 коша и 10 асистенции, а Монтрезл Харел додаде 17 поени. Малколм Богдон ги предводеше Пејсерс со 29 коша, а Домантис Сабонис мечот го заврши со 20 поени, 14 скокови и 8 асистенции.

 

Седми пораз во низа доживеаја кошаркарите на Прландо Меџикс кои на гостувањето кај Сан Антонио Спарс постигнаа сао 77 коша, а домашните 104.

Руди Геј постигна 19 поени, а Дежунте Мареј и Дерик Вајт по 17 коша за рамномерно распоредените сили кај Спарс. Госите поради поведи и коронавирусо протоколот имаа само девет играчи мешу кои најдобар беше Никола Вучевиќ со 26 коша и 9 скокови.

 

Мајами Хитс слаеа со 101:90 на гостувањето кај Чикаго Булс и стасаа до третата последователна победа.

Џими Батлер беше најдобар играч на Хитс со 28 коша и 8 асистенции, а Горан Драгич 20 од вкупно 25 поени постуигна во последната четвртина. Зак Лавин со 30 коша и по 6 скокови и асистенции беше најдобар кај Булс.

 

Најубедливата победа ноќта кон саботата ја остварија Њу Орлеанс Пеликанс кои на свој терен со 116:82 ги совладаа Кливленд Кавалирс.

Брендон Инграм со 28 коша беше најдобар стрелец кај домашните, а Цион Вилјамсон додаде 23 поени за домашните. Колин Секстон со 19 поени беше најдобар кај Кавалирс.

РЕЗУЛТАТИ

Јута – Хјустон 114:99
Сан Антонио – Орландо 104:77
Вашингтон – Филаделфија 101:127
Мемфис – Денвер 102:103
Њу Орлеанс – Кливленд 116:82
Чикаго – Мајами 90:101
ЛА Лејкерс – Индијана 105:100

ТАБЕЛИ

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Филаделфија 76ерс 26-12 68,4 проценти
2. Бруклин Нетс 25-13 65,8
3. Милвоки Бакс 23-14 62,2
4. Мајами Хит 20-18 52,6
5. Бостон Селтикс 19-18 51,4
6. Шарлот Хорнетс 18-18 50.0
7. Њујорк Никс 19-19 50.0
8. Атланта Хоукс 17-20 45,9
9. Торонто Репторс 17-20 45,9
10. Индијана Пејсерс 16-20 44.4
11. Чикаго Булс 16-20 44,4
12. Вашингтон визардс 14-22 38,9
13. Кливленд Кавалирс 14-23 37,8
14. Орландо Меџик 13-25 34,2
15. Детроит Пистонс 10-27 27.0

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Јута Џез 28-9 75,7 проценти
2. Феникс Санс 25-11 69.4
3. Лос Анџелес Лејкерс 25-13 65,8
4. Лос Анџелес Клиперс 25-14 64.1
5. Денвер Нагетс 22-15 59,5
6. Портланд Трејл Блејзерс 21-15 58.3
7. Сан Антонио Спарс 19-15 55,9
8. Далас Маверикс 19-17 52,8
9. Голден Стејт Вориорс 19-19 50.0
10. Мемфис Гризлис 17-17 50,0
11. Оклахома Сити Тандер 16-21 43.2
12. Њу Орлеанс Пеликанс 16-22 42.1
13. Сакраменто Кингс 15-22 40,5
14. Хјустон Рокетс 11-25 30,6
15. Минесота Тимбервулфс 8-29 21.6