Преглед НБА: Џез ја продолжија победничката серија

Кошаркарите на Јута Џез ја продолжила одличната победничка низа во НБА лигата остварувајќи ја 19-та победа во последните 20 натпревари, надигрувајќи ја ноќта кон вторникот на својот паркет водечката екипа во Источната конференција, Филаделфија 76ерс со 134:123.

Еден од најзаслужните за новата победа на Џез беше Џордан Кларксон кој влезе од клупата за резервни играчи и успеа да постигне 40 поени, а Донован Мичел додаде 24 коша. Кај Сиксерс, кој настапија без Џоел Ембии поради повреда на грбот, одличен беше Бен Сајмонс кој постигна рекордни 42 коша со 12 асистенции и 9 скокови, додека Тобијас Харис, додаде 36 поени, но ниту тоа не беше доволно да се избегне третиот последователен пораз по турнеата на Западот.

Јута Џез и натаму е водечкиот тим во Западната конференција и во целата лига со соодносот на победи и порази од 23-5, додека Филаделфија 76ерс падна на соодносот 18-10, но и натаму е на чело на Источната конференција.

 

Лос Анџелес Клиперс остварија домашна победа од 125:118 над минатогодишнте финалисти Мајами Хитс. Клиперс играа на овој меч без двајцата најдобри играчи, Каваи Леонардс и Пол Џорџ, а во игра во текот на мечот не влегоа уште двајца играчи од стартната петорка, Никлас Батјум и Патрик Беверли, но нито тоа не ги спречи да дојдат до четвртата последователна победа.

Одлично шутерски за домашните беше расположен Маркис Морис со 32 поени, додека Ивица Зубац додаде 22 коша со 8 скокови, а се надворза и Лоу Вилјамс со 18 поени и 10 асистенции. На Хитс да го избегнат поразот не им помогна ниту „трпл-даблот“ на Џими Батлер кој даде 30 коша со по 10 асистенции и скокови, а ниту одлучниот Бем Адебајо со 27 коша, 12 скоковои и 7 асистенции/.

Клиперс и натами се третата екупа на Западот со соодносто 21-8, натпревар помалку и пораз помалку имаат вторите Лос Анџелес Лејкерс, додека Мајами Хитс паднаа на 10-то место на Истокот со сооднос 11-16.

 

Бруклин Нетс благодарејќи на одличниот шут за „тројка“, погодуја дури 27 обиди, стасаа до победа на гостувањето кај Сакраменто Кингс со 136:125. Предничеше Кајри Ирвинг со 40 коша додека Џејмс Харден оствари „трипл-дабл“ со 29 поени, 14 асистенции и 13 скокови. Кај домашните се истакна Хасан Вајтсајд кој влезе во игра од клупата и постигна 26 коша со 16 скокови.

Бруклин се трети на Истокот со соодност 17-12, а Сакраменто се 11-ти на Западот со 12-15.

РЕЗУЛТАТИ

Јута – Филаделфија 134:123
ЛА Клиперс – Мајами 125:118
Њујорк – Атланта 123:112
Голден Стејт – Кливленд 129:98
Сакраменто – Бруклин 125-136
Индијана – Чикаго 112:120 (продолженија)
Вашингтон – Хјустон 131:119

ТАБЕЛИ

Источна конференција

1. Филаделфија 28 18 10 64.3
2. Милвоки 27 16 11 59.3
3. Бруклин 29 17 12 58.6
4. Индијана 28 14 14 50.0
5. Бостон 26 13 13 50.0
6. Њујорк 29 14 15 48.3
7. Шарлот 28 13 15 46.4
8. Торонто 27 12 15 44.4
9. Чикаго 26 11 15 42.3
10. Атланта 27 11 16 40,7
11. Мајами 27 11 16 40,7
12. Орландо 28 10 18 35,7
13. Кливленд 29 10 19 34.5
14. Вашингтон 25 8 17 32.0
15. Детроит 27 8 19 29,6

Западна конференција

1. Јута 28 23 5 82.1
2. ЛА Лејкерс 28 21 7 75.0
3. ЛА Клиперс 29 21 8 72.4
4. Феникс 26 17 9 65.4
5. Портланд 26 16 10 61,5
6. Сан Антонио 27 16 11 59.3
7. Денвер 26 15 11 57,7
8. Голден Стејт 28 15 13 53,6
9. Мемфис 22 11 11 50.0
10. Далас 28 13 15 46.4
11. Сакраменто 27 12 15 44.4
12. Њу Орлеанс 26 11 15 42.3
13. Оклахома Сити 26 11 15 42.3
14. Хјустон 27 11 16 40,7
15. Минесота 27 7 20 25,9

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.