Преглед НБА: Клиперс ги надиграа Лејкерс, Вестбрук на чекор до рекордот .

39

Во градското дерби на Лос Анџелес, тимот на Клиперс го надигра оној на Лејкерс со 118:94, кои повторно останаа без Ентони Дејвис кој поради болки во грбот и проблеми со зглобот мораше да излезе од игра веќе во првата четвртина.

Клиперс до победата ги водеше Пол Џорџ со 24 коша, додека Каваи Леонард додаде 15 поени, 8 скокови и 6 асистенции. Кај Лејкерс, пак, најдобар поединец беше Кајл Кузма со 15 поен.

Клиперс сега ги минаа Денвер Нагетс на третото место во Западната конференција, додека Лејкерс и Портланд Трејл Блејзерс се израмнети на шестото место на истата табела.

Голден Стејт Вориорс на својот паркет со 118:97 беа подобри од Оклахома Сити Тандерс, а Стефен Кари постигна 34 коша за само 31 минута колку што мина на теренот. Мишал Малдер додаде 25 коша, а Ендрју Вигинс 18 за Вориорс, додека кај Оклахома најдомар бепе Тај Џером со 23 поени.

Благодарејќи на оваа победа Голден Стејт се качија на осмото место во Западната конференција коешто води во плеј-офот.

Вашингтон Визардс во Тампа по продолженијата со 131:129 ги победија Торонто Рапторс, а Расел Вестбтрук стаса до својот 180-ти „трипл-дабл“ во кариерата со 13 коша, 17 асистенции и 17 скокови. На Весбтрук сега му недостига само еден „трипл-дабл“ за да се израмни со рекордот на Оскар Робертсон.
Бредли Бил додаде 28 коша за Визардс, а на Торонто не му помогнаа ниту 44-те поени на Паскал Сиекам.

Далас Маверикс дома со 113:109 беа подобри од Бруклин Нертс за кои ова беше четвртиот пораз во низа. Лука Дончич во победата на својот тим постигна 24 коша со 10 скокови и 8 асистенции. Гостите ги предводепе одличниот Кајри Ирвинг со 45 поени.

Далас сега се петти во Западната конференција и имаат меч предност пред Лос Анџелес Лејкерс и Портландт. Нетс останаа на второто место во Источната конференција и заостануват зад Филаделфија 76ерс за два ипол натпревара, додека само половина меч повече се во предност пред третопласитаните Милвоки Бакс.

Во другите дуели од синоќешната програма Детроит Пистонс на својот паркет со 111:97 ги победија Мемфис Гризлис и така ја прекинаа серијата од четири порази. Индијана Пејсерс со 133:126 беа подобри од Атланта Хоукс, а Чикаго Булс на гостувањето ги надиграа со 120:99 Шарлот Хорнетс.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот Хорнетс – Чикаго Булс 99:120
Торонто Репторс – Вашингтон Визардс 129:131 (продолжение)
Далас Маверикс – Бруклин Нетс 113:109
Детроит Пистонс – Мемфис Гризлис 111:97
Индијана Пејсерс – Атланта Хоукс 133:126
Голден Стејт Вориорс – Оклахома Сити Тандерс 118:97
ЛА Клиперс – Лос Анџелес Лејкерс 118:94

ТАБЕЛИ

Источна конференција
Атлантска дивизија

1. Филаделфија 76ерс 45 21 .682 –
2. Бруклин Нетс 43 24 .642 2 1/2
3. Њујорк Никс 37 29 .561 8
4. Бостон Селтикс 35 31 .530 10
5. Торонто Репторс 27 40 .403 18 1/2

Централна дивизија

1. Милвоки Бакс 42 24 .636 –
2. Индијана Пејсерс 31 35 .470 11
3. Чикаго Булс 27 39 .409 15
4. Кливленд Кавалирс 21 45 .318 21
5. Детроит Пистонс 20 47 .299 22 1/2

Југоисточна дивизија

1. Атланта Хоукс 37 31 .544 –
2. Мајами Хитс 35 31 .530 1
3. Шарлот Хорнетс 32 34 .485 4
4. Вашингтон Визардс 31 36 .463 5 1/2
5. Орландо Меџикс 21 45 .318 15

 

Западна конференција
Пацифичка дивизија

1. Феникс Санс 47 19 .712 –
2. Лос Анџелес Клиперс 45 22 .672 2 1/2
3. Лос Анџелес Лејкерс 37 29 .561 10
4. Голден Стејт Вориорс 34 33 .507 13 1/2
5. Сакраменто Кингс 29 37 .439 18

Југозападна дивизија

1. Далас Маверикс 38 28 .576 –
2. Мемфис Гризлис 33 33 .500 5
3. Сан Антонио Спарс 31 34 .477 6 1/2
4. Њу Орлеанс Пеликанс 30 36 .455 8
5. Хјустон Рокетс 16 50 .242 22

Северозападна дивизија

1. Јута Џез 48 18 .727 –
2. Денвер Нагетс 44 22 .667 4
3. Портлант Трејл Блејзерс 37 29 .561 11
4. Оклахома Сити Тандерс 21 46 .313 27 1/2
5. Минесота Тимбервулфс 20 46 .303 28

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.