Преглед НБА: Клиперс убедливо поразени во Мемфис

Кошаркарите на Мемфис Гризлес на својот паркет ги совладаат Лос Анџелес Клиперс со убедлив 122:94, кои и покрај тоа се задржаа на втората позиција на табелката на Западната конференција во НБа лигата.

За Мемфис Тајс Роберт Џонс постигна 20 поени, Долон Брукс додаде 19, а Јонас Валанчиунас врза 16 коша и 15 скокови. Кај поразиените најдобар стрелец беа Каваи Леонард со 17 коша, а Серж Инака и Пол Џорџ додадоа по 13 поени.

До осмата победа во низата стасаа Бруклин Нетс кој како домаќини ги совладаа Орландо Меџикс со 129:92. Водечкиот тим во Источната конференција Филаделфија 76ерс беше подобар од Далас Маверикс со 111:97. Њујорк Никс ги совладаа Сакраменто Кингс со 140:121, а Милвоки Бакс беа подобри од Њу Орлеанс Пеликанс со 129:125. Единствената гостинска победа ја остварија Вашингтон Визардс кои славеа со 112:110 кај Данвер Нагетс.

РЕЗУЛТАТИ

НБА резултат, 25.2.
Мемфис – ЛА Клиперс 122:94
Филаделфија – Далас 111:97
Бруклин – Орландо 129:92
Њујорк – Сакраменто 140:121
Денвер – Вашингтон 110:112
Милвоки – Њу Орлеанс 129:125

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Филаделфија 76ерс 22-11 66,7 отсто
2. Бруклин Нетс 22-12 64,7
3. Милвоки Бакс 20-13 60,6
4. Индијана Пејсерс 15-15 50,0
5. Торонто Репторс 16-17 48,5
6. Њујорк Никс 16-17 48,5
7. Чикаго Булс 15-16 48,4
8. Шарлот Хорнетс 15-16 48,4
9. Бостон Селтикс 15-17 46,9
10. Мајами Хит 15-17 46,9
11. Атланта Хоукс 14-18 43,8
12. Вашингтон Визардс 12-18 40,0
13. Орландо Меџик 13-20 39,4
14. Кливленд Кавалирс 12-21 36,4
15. Детроит Пистонс 9-23 28,1

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Јута Џез 26-6 81,3 отсто
2. Лос Анџелес Клиперс 23-11 67,6
3. Лос Анџелес Лејкерс 22-11 66,7
4. Феникс Санс 20-11 64,5
5. Портланд Трејл Блејзерс 18-13 58,1
6. Сан Антонио Спарс 16-12 57,1
7. Голден Стејт Вориорс 18-15 54,5
8. Денвер Нагетс 17-15 53,1
9. Мемфис Гризлис 14-14 50,0
10. Далас Маверикс 15-16 48,4
11. Њу Орлеанс Пеликанс 14-18 43,8
12. Оклахома Сити Тандера 13-19 40,6
13. Сакраменто Кингс 12-20 37,5
14. Хјустон Рокетс 11-19 36,7
15. Минесота Тимбервулфс 7-26 21,2

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.