Преглед НБА лига: Бакс обезбедиja плеј-оф

Милвоки Бакс синоќа станаа првиот НБА тим кој ја забележа 50-та победа сезонава, а тоа им донесе пласман во плеј-офот откако на гостински терен го победија Феникс Санс со 116:104.

Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакс со 36 поени, 11 скока и 8 асистенции. Брук Лопез имаше 21 поен и 10 скока за Милвоки, кој победи на 21-от натпревар во 23 натпревари и се пласираше во плејофот седма сезона по ред. Џру Холидеј постигна 12 поени, а Џру Краудер и Боби Портис Џуниор по 11 коша.

Девин Букер постигна 20 од своите 30 поени во второто полувреме за Феникс. Деандре Ејтон додаде 16 поени и осум скока, Камерон Пејн додаде 13, Џок Лендејл 12, а Крис Пол 11 поени и осум асистенции.

Санс загубија три последователни натпревара по серијата од четири победи.

Оклахома Сити Тандер на домашен терен го победија Бруклин Нетс со 121:107.

Шаи Гилгеус-Александер постигна 35 поени за Оклахома, а Џош Гиди го имаше осмиот „трипл-дабл“ во кариерата и четврти сезонава со 15 поени, 13 скока и 10 асистенции. Лугуенц Дорт заврши со рекордни 24 поени, постигнувајќи шест „тројки“ рекордни во неговаа кариера, додека новајлијата Џејлен Вилијамс додаде 23 поени и 10 скока.

Поразот беше само втор за Нетс во последните седум натпревари и ја прекина нивната серија од две победи. Микал Бриџис го предводеше Бруклин со 34 поени, додека Камерон Џонсон додаде 23.

Кливленд Кавалирс ја извојуваа втората последователна победа над Шарлот Хорнетс, кои синоќа ги надиграа на свој терен со резултат 120:104.

Еван Мобли постигна 26 поени со шест скока, Чеди Осман влезе од клупата и постигна 24 поени, а Карис Леверт додаде 22 поени.

Кели Оубре Џуниор од Шарлот се врати откако пропушти еден натпревар поради болки во грбот и постигна 28 поени, а го следеше Тери Розиер со 22.

Њујорк Никс, откако се опоравија од негативата од 16 поени, на гостински терен ги победија Портланд Трејл Блејзерс со 123:107.

Имануел Квикли забележа 26 поени и 10 скока, додека Џулиус Рендл додаде 24 поени и 10 скока. Реџеј Барет имаше 22 поени за Њујорк, кој има 11 победи од 14 натпревари. Мајлс „Дус“ Мекбрајд постигна 18 поени, а Џош Харт додаде 16 за Никс, кои се на петтото место во Источната конференција со само 11 натпревари до крајот.

Демијан Лилард ги предводеше Портланд, кој го доживеа четвртиот пораз по ред, со 38 поени, седум скока и седум асистенции.

Вашингтон Визардс со 117:97 ги победија Детроит Пистонс на гости, предводен од Бредли Бил со 36 поени. Кристапс Порзингис собра 18 поени, седум скока, четири асистенции, четири блокади и три украдени топки.

Килијан Хејс ги предводеше Пистонс, кои загубија 12 од последните 13 натпревари, со 20 поени и седум асистенции.

Благодарение на рекордната прва четвртина, Торонто Репторс го победија Денвер Нагетс со 125:110.

Фред ВанВлит го заврши натпреварот со 36 поени, од кои осум тројки, а О.Џи Ануноби додаде 24 поени за Репторс, кои ја прекинаа серијата од три порази.

Никола Јокиќ постигна 28 коша со осум скока и седум асистенции за водечките во Западната конференција Нагетс, кои го претрпеа четвртиот последователен пораз.

Торонто водеше со 49:30 по една четвртина со шут 71,4 отсто од поле (20 од 28), што е рекорд на франшизата. Најголемата предност на Торонто на натпреварот беше 24 поени, но во последната четвртина Нагетс намалија на само шест поени.

Сан Антонио Спарс ги победија Орландо Меџик со 132:114 и го соборија рекордот на франшизата со 22 постигнати тројки.

Тие беа предводени од Џереми Сочан кој собра 29 поени и 11 скока. Зак Колинс додаде 25 поени за Сан Антонио, а Даг МекДермот и Девонте Греам постигнаа по 15. Паоло Банчеро го предводеше Орландо со 27 поени, додека Вендел Картер Јуниор додаде 16 поени и 10 скока.

ЛА Лејкерс ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 123:108, а Ентони Дејвис постигна 35 поени и додаде 17 скока против својот поранешен тим. Малик Бисли додаде 24 поени за Лејкерси, додека најдобар играч на Пеликанс беше Брендон Инграм со 22 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Торонто Репторс – Денвер Нагетс 125:110
Шарлот Хорнетс – Кливленд Кавалирс 104:120
Вашингтон Визардс – Детроит Пистонс 117:97
Феникс Санс – Милвоки Бакс 104:116
Портланд Трејл Блејзерс – Њујорк Никс 107:123
Њу Орлеанс Пеликанс-ЛА Лејкерс 108:123
Оклахома Сити Тандер – Бруклин Нетс 121:107
Сан Антонио Спарс – Орландо Меџик 132:114

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 47 22 ,681 —
2. Филаделфија 76ерс 45 22 ,672 1
3. Њујорк Никс 41 30 .577 7
4. Бруклин Нетс 39 30 .565 8
5. Торонто Репторс 33 36 .478 14

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки Бакс 50 19.725 —
2. Кливленд Кавалирс 44 27 .620 7
3. Чикаго Булс 31 36 .463 18
4. Индијана Пејсерс 31 38 .449 19
5. Детроит Пистонс 16 54 .229 34 1/2

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами Хит 37 33 ,529 —
2. Атланта Хокс 34 35 .493 2 1/2
3. Вашингтон Визардс 32 37 .464 4 1/2
4. Орландо Меџик 28 41 .406 8 1/2
5. Шарлот Хорнетс 22 49 .310 15 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Сакраменто Кингс 40 27 .597 —
2. Феникс Санс 37 32 .536 4
3. Голден Стејт Вориорс 36 33 .522 5
3. Лос Анџелес Клиперс 36 33 .522 5
5. Лос Анџелес Лејкерс 34 35 .493 7

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 41 26 .612 —
2. Далас Маверикс 34 35 .493 8
3. Њу Орлеанс Пеликанс 33 36 .478 9
4. Сан Антонио Спарс 18 50 .265 23 1/2
5. Хјустон Рокетс 16 52 .235 25 1/2

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер Нагетс 46 23 .667 —
2. Минесота Тимбервулфс 35 34 .507 11
3. Оклахома Сити Тандер 34 35 .493 12
4. Јута Џез 33 36 .478 13
5. Портланд Трејл Блејзерс 31 38 .449 15