Преглед НБА лига: Кари ги предводеше Вориорс од минус 20 до важна победа

Голден Стејт Вориорс ја остварија својата 40-та победа сезонава совладувајќи ги Њу Орлеанс Пеликанс со 120:109 во „Чејс Центарот“ во меч на екипите кои се борат за места во плејофот во НБА лигата.

На крајот од втората четвртина актуелните шампиони заостанаа со 20 разлика (43:63), но со вообичаената „експлозија“ во третата четвртина (39:26) заостанаа само четири поени пред последната делница на мечот. Вориорс продолжија во ист ритам до крајот и ја добија последната четвртина со 35:20.

Стивен Кари ги предводеше Вориорс до важна победа со 39 поени и осум „тројки“ од 15 обиди. Џордан Пул постигна 21 поен, а Клеј Томпсон додаде 17, постигнувајќи пет „тројки“ за да постави личен рекорд во обидите за три поенаво една сезона (278). Брендон Инграм ги предводеше Пеликанс со 26 поени, осум скока и седум асистенции.

Вориорс со учинок 40-37 скокнаа на шестото место во тесната битка за плејоф местата на Западот, во која со исто толку победи пред нив се Феникс (40-35) и ЛА Клиперс (40-36). Минесота (39-37) падна на седмото место, а Њу Орлеанс (38-38) се осми, пред трите екипи кои имаат помалку победи – Лос Анџелес Лејкерс (37-38), Оклахома Сити (37-39) и Далас ( 37-39).

Оклахома Сити Тандер беа поразени пред своите гледачи од Шарлот Хорнетс со 134:137, што е трет пораз во последните четири натпревари.

Пи Џеј Вашингтон ги предводеше Хорнетс до победата со личнот рекорд од 43 поени. Тандер загубија иако имаае тројца играчи кои постигнаа повеќе од 30 поени: Ајзеја Џо постигна 33 поени, а Џејлен Вилијамс постигна по 31 како и Џош Гиди кој додаде 10 скока и девет асистенции.

Иако беа ослабени поради неиграњето на Џа Морант, Мемфис Гризлис (48-27) ја продолжија победничката серија на седум натпревари совладувајќи ги Орландо Меџик со 113:108 пред своите навивачи. Дезмонд Бејн постигна 31 поен, а му се придружи Ксавиер Тилман со личен рекорд од 20 поени. Џерен Џексон Џуниор. заедно 16 поени и 10 скока.

Мемфис имаше предност од 23 поени во третата четвртина, но гостите во финалето успеаја да дојдат до три поени. Сепак, Гризлис спречија целосен пресврт. Најдобар стрелец кај Меџик беше Франц Вагнер со 25 поени, додека Паоло Банчеро мечот го заврши со 24 поени, 11 скока и пет асистенции.

Кошаркарите на Мајами (40-36) паднаа на седмото место во поредокот на Источната конференција, по поразот со 106:92 на гостувањето против Торонто Репторс, кои првпат од декември достигнаа 50 отсто успешност (38-38). .

Паскал Сијакам беше најдобар стрелец во домашниот тим со 26 поени и девет скока, а голем придонес имаше Скоти Барнс со 22 поени, седум скока и 12 асистенции. Хит беа без Џими Батлер, кој го пропушти натпреварот поради болки во вратот, па Тајлер Херо го предводеше тимот со 33 поени и шест асистенции во вториот последователен пораз на неговиот тим.

Торонто останаа на деветтото место, бидејќи синоќа Атланта Хокс (38-38) победи на домашен терен со 120:118 против Кливленд Кавалирс. Најзаслужен за победата на Хокс беше Дежунт Мареј со 29 поени. Ониека Оконгву постигна 21 поен кај победниците, а Трае Јунд 16 поени и 10 асистенции.

Најдобар играч на натпреварот беше Донован Мичел со 44 поени, но на крајот промаши тројка за водство на Кавси, како и потенцијално победничка тројка од центарот на теренот со звукот на сирената.

Бостон Селтикс доживеа изненадувачки пораз на гостувањето во Вашингтон, каде домашните Визардс победија со 130:111, иако останаа без двајца важни играчи Бредли Бил и Кајл Кузма.

Со 32 поени, 13 скока и шест асистенции, Кристапс Порзингис ги предводеше Визардс до 34-та победа сезонава (34-42). Дени Авдија додаде 25 поени и 10 скока за победниците, додека Монте Морис постигна 19 поени со девет асистенции.

Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикс со 28 поени, девет скока и пет асистенции, но немаше доволно расположени соиграчи. Гостите погодија само 11 тројки од 44 обиди.

Бостон (52-24) остана две победи зад водечкиот Милвоки (54-21).

НБА резултати, 28.03.
Оклахома Сити Тандер – Шарлот Хорнетс 134:137
Вашингтон Визардс – Бостон Селтикс 130:111
Атланта Хокс – Кливленд Кавалирс 120:118
Торонто Репторс – Мајами Хит 106:92
Мемфис Гризлис – Орландо Меџик 113:108
Голден Стејт Вориорс – Њу Орлеанс Пеликанс 120:109

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Милвоки Бакс 54 21 72,0 проценти
2. Бостон Селтикс 52 24 68,4
3. Филаделфија 76ерс 49 26 65.3
4. Кливленд Кавалирс 48 29 62,3
5. Њујорк Никс 43 33 56,6
6. Бруклин Нетс 40 35 53.3
7. Мајами Хит 40 36 52,6
8. Атланта Хокс 38 38 50,0
9. Торонто Репторс 38 38 50.0
10. Чикаго Булс 36 39 48,0
11. Вашингтон Визардс 34 42 44.7
12. Индијана Пејсерс 33 43 43.4
13. Орландо Меџик 32 44 42.1
14. Шарлот Хорнетс 26 51 33,8
15. Детроит Пистонс 16 59 21.3

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Денвер Нагетс 51 24 68,0 проценти
2. Мемфис Гризлис 48 27 64,0
3. Сакраменто Кингс 45 30 60.0
4. Феникс Санс 40 35 53.3
5. ЛА Клиперс 40 36 52.6
6. Голден Стејт Вориорс 40 37 51,9
7. Минесота Тимбервулфс 39 37 51,3
8. Њу Орлеанс Пеликанс 38 38 50.0
9. Лос Анџелес Лејкерс 37 38 49,3
10. Оклахома Сити Тандер 37 39 48.7
11. Далас Маверикс 37 39 48,7
12. Јута Џез 35 40 46.7
13. Портланд Трејл Блејзерс 32 43 42.7
14. Сан Антонио Спарс 19 56 25.3
15. Хјустон Рокетс 18 58 23.7

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.