Преглед НБА лига: Клиперс подобри од Леjкерс во дербито на Лос Анџелес

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го совладаа градските ривали Лејкерс 125:118 и направија голем чекор да обезбедат позиција во доигрувањето.

Кај Клиперс најдобри беа Норман Пауел со 27 и Каваи Леонард со 25 поени. Лејкерс ги предводеше Леброн Џејмс со 33 коша, 8 скокови и 7 асистенции.

Со оваа победа со Клиперс скокнаа на петтото место на табелата на Западната конференција со соодносот меѓу победите и поразите со 42:38, колку што имаат и шестопласираните Голден Стејт Вориорс. Лејкер се на седмото место со 41:39, а ист ефект имаат и Њу Орлеан Пеликанс на осмото место.

Со поразот на Мемфис Гризлис од Њу Орлеанс Пеликанс 138:131, Денвер Нагетс го осигурија првото место во Западната конференција, додека Милвоки Бакс со победата над Чикаго Булс од 105:92 дојдоа до соодносот 58-22 и ја обезбедија позицијата прв носител во доигрувањето.

Своите позиции ги „зацементираа“ и првите пет екими во Источната конференција, а со ред ги држат Бостон Селтикс со 55-25, Филаделфија 76ерс 53-27, Кливленд Кавалирс со 50-30 и Њујорк Никс со соодносот 47-33.

РЕЗУЛТАТИ 05.04.

ЛА Клиперс – Лос Анџелес Лејкерс 125:118
Детроит Пистонс – Бруклин Нетс 108:123
Индијана Пејсерс – Њујорк Никс 129:138
Атланта Хокс – Вашингтон Визардс 134:116
Бостон Селтикс – Торонто Репторс 97:93
Милвоки Бакс – Чикаго Булс 105:92
Њу Орлеанс Пеликанс – Мемфис Гризлис 138:131 (продолжение)
Далас Маверикс – Сакраменто Кингс 123:119

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Милвоки Бакс 58 22 72,5
2. Бостон Селтикс 55 25 68,8
3. Филаделфија 76ерс 52 27 65,8
4. Кливленд Кавалирс 50 30 62,5
5. Њујорк Никс 47 33 58,8
6. Бруклин Нетс 44 36 55,0
————————————————- —–
7. Мајами Хит 42 37 53,2
8. Атланта Хокс 41 39 51,3
9. Торонто Репторс 40 40 50.0
10. Чикаго Булс 38 42 47,5
————————————————- —–
11. Орландо Меџик 34 45 43,0
12. Индијана Пејсерс 34 46 42,5
13. Вашингтон Визардс 34 46 42,5
14. Шарлот Хорнетс 26 54 32,5
15. Детроит Пистонс 16 64 20.0

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Денвер Нагетс 52 27 65,8
2. Мемфис Гризлис 50 30 62,5
3. Сакраменто Кингс 48 32 60.0
4. Феникс Санс 44 35 55,7
5. ЛА Клиперс 42 38 52,5
6. Голден Стејт Вориорс 42 38 52,5
————————————————- —–
7. Лос Анџелес Лејкерс 41 39 51.3
8. Њу Орлеанс Пеликанс 41 39 51.3
9. Минесота Тимбервулфс 40 40 50.0
10. Оклахома Сити Тандер 38 42 47,5
————————————————- —–
11. Далас Маверикс 38 42 47,5
12. Јута Џез 36 43 45,6
13. Портланд Трејл Блејзерс 33 46 41.8
14. Сан Антонио Спарс 20 59 25.3
15. Хјустон Рокетс 20 60 25.0