Преглед НБА лига: Мајами го совлада шампионот во Лос Анџелес

Кошаркарите на Мајами Хитс славеа со 96:94 на гостувањето кај актуелните НБА шампионите Лос Анџелес Лејкерс во првото соочување на минатогодишните финалисти во новата сезона.

Кендрик Нан за победниците постигна 27 коша, а Џами Батлер го заврши дуелот со 24 поени и 8 скокови. Двојно-двоцифрен ефект додадоа Бам Адебајо со 16 коша и 10 скокови, и Данкан Робинсон кој додаде 11 поени со 10 скокови за Хитс, кои настапија без Горан Драгич.

Алекс Карузо со сирената за крај можеше да го одведе мечот во продолжението, но промаши долга „двојка“. Невообичаено слава вечер имаше Леброн Џејмс кој за 19 поени потроши 21 шут (7 од 21), а остана на само еден скок и една асистенција од остварување на „трипл-дабл“. Кајл Кузма ги предводеше стелците на Лејкерс со 23 поени, а Монтрезл Харел имаше 18 коша и 10 скокови во третиот пораз на шампиониет во последните четири натпревари.

 

Возбудливо со резултат од 102:100 за домашните беше и во Шарлот, каде гостуваа Голден Стејт Вориорс кои непостредно пред овој меч без капитенот Стеф Кари. Најдобриот стрелец на гостите беше вратен во соблекувалната, бидејќи не се чувствуваше добро. Сепак, и без Кари, Голде Стејт имаа победа в џеб, но судиите при резултат 100:98 на гостите им доудија две технички грешки и го исклучија Дрејмонд Грин поради протести.

Главен играч на Хорнетс беше Тери Розиер кој на крајот од првото полувреме погоди „тројка“ од центарот на теренот, а на крајот од натпреварот прво го израмни резултатот од слободни фрлања, а потоа со долга двоја со звукот на сирената донесе победа за својот тим за кој постигна 36 коша. Кај Вариорс најдобри беа Кели Пубри со 25 и Ендрју Вигинс со 19 коша.

 

Разиграните Феникс Санс славеа со 128:97 на гостувањето кај Мемфис Гризлис. Девин Букер со 23 коша беше најдобар стрелец кај победниците, а по 19 коша постигнаа Дарио Шариќ, Микал Бриџес и Камерон Пејн. Кај Гризлис најефикаен беше Горгуи Диенг со 15 поени.

Крис Пол постигна 16 коша за Санс, а со шест асистенции на листата најдобри додавачи во НБА лигата на сите времиња го мина легендарниот Оскар Робертсон со 9.891 асистенци го држи шестото место.

 

Во Портланд домашните Трејл Блејзерс беа изненадувачки со 111:118 поразени од Вашингтон Визардс предводени од најдобриот стрелец на лигата Бредли Бил кој постигна 37 поени. Визардс така ја продолжија својата успешна серија на четири победи.

Расел Вестбрук го оствари осмиот „трипл-дабл“ во сезоната со 27 коша, 13 асистенции и 11 скокови. Руи Хашимура додаде 17 поени. Деиен Лилард беше најдобар во домашната екипа со 35 коша и 12 асистенции. Енес Кантр додае 19 поени и 13 скокови.

 

Чикаго Булс во домашната победа 122:114 над Сакраменто Кингс имаа шест играчи со двоцифрен број кошевви, а ги предводеа Сак Лавин со 38 и Коби Вајт со 19 поени. Кингс го доживеа шестиот последователен пораз, а најдобар кај гостите беа Марвин Бајли Трети со 26 коша и 11 скокови, Бади Хилд со 23 коаш и Де’Арон Фокс со 20 поени и девет асистенции.

РЕЗУЛТАТИ, 20.02.2021

Мемфис – Феникс 97:128
Чикаго – Сакраменто 122:114
Шарлот – Голден Стејт 102:100
Портланд – Вашингтон 111:118
ЛА Лејкерс – Мајами 94:96

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Филаделфија 76ерс 20-10 66,7
2. Бруклин Нетс 19-12 61,3
3. Милвоки Бакс 17-13 56,7
4. Бостон Селтикс 15-14 51,7
5. Индијана Пејсерс 15-14 51,7
6. Торонто Репторс 15-15 50,0
7. Шарлот Хорнетс 14-15 48.3
8. Њујорк Никс 14-16 46,7
9. Чикаго Булс 13-16 44,8
10. Мајами Хитс 13-17 43.3
11. Атланта Хоукс 12-17 41,4
12. Орландо Меџикс 12-18 40,0
13. Вашингтон Визардс 10-17 37.0
14. Кливленд Кавалирс 10-20 33.3
15. Детроит Пистонс 8-21 27,6

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Јута Џез 24-6 80.0
2. Лос Анџелес Клиперс 22-9 71.0
3. Лос Анџелес Лејкерс 22-9 71.0
4. Феникс Санс 19-10 65,5
5. Портланд Трејл Блејзерс 18-11 62.1
6. Сан Антонио Спарс 16-11 59.3
7. Денвер Нагетс 16-13 55,2
8. Голден Стејт Вориорс 16-15 51,6
9. Мемфис Гризлис 13-13 50.0
10. Далас Маверикс 13-15 46,4
11. Сакраменто Кингс 12-17 41,4
12. Њу Орлеанс Пеликанс 12-17 41,4
13. Хјустон Рокетс 11-17 39.3
14. Оклахома Сити Тандер 11-18 37,9
15. Минесота Тимберолвс 7-23 23.3

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.