Преглед НБА лига: Нагетс подобри од Волвс

Со 41 поен на Никола Јокиќ, Денвер Нагетс го освоија првото место во Западната конференција на НБА лигата победувајќи ги Минесота Тимбервулвс со 116:107 во директното соочување на само неколку дена пред почетокот на плеј-офот.

Нагетс во последната четвртина ги здробика Волвс на домашен терен благодарение на одличниот Никола Јокиќ (41 поен, 11 скока, 7 асистенции), а со оваа победа актуелните шампиони во НБА го освоија првото место на Западот со два меча преостанати во регуларниот дел од сезоната.
И покрај 25-те поени на Ентони Едвардс и 15-те скокови на Руди Гоберт, Волците мораа да го признаат поразот.

Денвер (56 победи, 24 порази) сега е една победа пред тимовите кои го бркаат – Оклахома и Минесота (изедначени на 55-25) и ја држат својата судбина во свои раце додека во сабота и недела играат со нискорангираните Спарс и Гризлис.

Во исто време Оклахома Сити ги разнесоа Сан Антонио Спарс (127:89).

По поразот од ЛА Клиперс на домашен терен во вторникот, Феникс Санс се реваншираа во средата на паркетот на клубот од Лос Анџелес (124:108). Победата на Феникс им ја донесе Девин Букер со 37 поени, Кевин Дурент додаде 24 поени, а Бредли Бил 26 поени.

Феникс победи благодарение на учинокот на „големата тројка “ во тимот Девин Букер со 37 коша, Бредли Бил со 26 и Кевин Дурант со 24 поени. Клиперс настапија без целата првата петорка која нивниот тренер реши да ја одамара за плеј оф натпреварите.

Феникс на два натпреварa до крајот на регуларната сезона има 47 победи и 33 порази, еден пораз повеќе од 6-то пласираниот тим на Њу Орлеанс. Доколку не успејат да се пласираат во првите шест тима, Феникс ќе играат за седмата позиција во плеј ин доигрувањето со тимот на Сакраменто или Лејкерс.

Победата му дава шанса на Феникс, моментално седми, директно да се квалификува во плеј-офот во преостанати два дена, во спротивно тие ќе поминат низ доигрувањето резервирано за тимови рангирани меѓу 7-ми и 10-ти (play-in). Победа на Феникс значи дека Лејкерс и Вориорс, моментално 9-ти и 10-ти, ќе мора да ги поминат овие плеј-инови за да имаат каква и да е надеж за пласман во плеј-офот.

Далас Маверикс се зацврстија на 5. место на Западот со петтата последователна победа против Мајами Хит (111:92). Лука Дончиќ кај Далас постигна 29 поени. Со оваа победа Мавс им овозможија на Њујорк Никс, трети на Истокот, да обезбедат пласман во плеј-офот.

Јанис Адетокумбо не беше сериозно повреден на вчерашниот натпревар против Бостонс Селтикс, што е одлична вест за Милвоки Бакс, кои синоќа без него славеа против Орландо Меџик (117:99). 29-годишната грчка ѕвезда ќе ги пропушти најмалку последните два натпревари од регуларниот дел од сезоната, а магнетната резонанца на играчот не покажа знаци на оштетување на Ахиловата тетива.