Преглед НБА лига: Сакраменто Кингс обезбедија плеј-оф

Со убедливата победа над  Портланд Трејл Блејзерс од 120:80, кошаркарите на Сакраменто Кинг дефинитивно осигураа пласман во плеј-офот.

„Кралевите“, кои имаат скор 46-30, моментално се трети во Западната конференција и се враќаат во разигрувањето за титулата по 17-годишен пост.

Воедно, со ова е ставен крај на најдолгиот активен плеј–оф пост во американскиот професионален спорт, сметајќи ги четирите најпопуларни спортови во САД,  (кошарка, бејзбол, хокеј, американски фудбал), бидејќи ниедна активна екипа до моментов не отсуствувала толку долго од плеј-офот како Сакраменто.

Второто полувреме во „Орегон“ арената, Сакраменто го доби со неверојатни 70:34, а најдобри беа Малик Монкс со 19 поени, Диарон Фокс со 18 и Ертер со 17 поени. Во поразениот тим, кој е 13-ти на Западот со скор 32-44, Шидон Шарп запиша 30 поени, а Кевин Нокс имаше 12 и 12 скока.

Во неверојатен меч во Индијанаполис, Милвоки Бакс ги совлада Индијана Пејсерс со 149:136 и со учинок 55-21 го обезбеди првото место во Источната конференција. Бакси во третиот квартал постигнаа дури 46 поени и тука ја направија потребната разлика за високата победа.

РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија 76ерс – Далас Маверикс 116:108
Индијана Пејсерс – Милвоки Бакс 136:149
Бруклин Нетс – Хјустон Рокетс 123:114
Њујорк Никс – Мајами Хит 101:92
Чикаго Булс – Лос Анџелес Лејкерс 110:121
Мемфис Гризлис – ЛА Клиперс 132:141
Оклахома Сити Тандер – Детроит Пистонс 107:106
Сан Антонио Спарс – Јута Џез 117:128
Феникс Санс – Минесота Тимбервулвс 107:100
Портланд Трејл Блејзерс – Сакраменто Кингс 80:120

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 52 24 ,684 —
2. Филаделфија 76ерс 50 26 .658 2
3. Њујорк Никс 44 33 .571 8 1/2
4. Бруклин Нетс 41 35 .539 11
5. Торонто Репторс 38 38 .500 14

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки Бакс 55 21 ,724 —
2. Кливленд Кавалирс 48 29 .623 7 1/2
3. Чикаго Булс 36 40 .474 19
4. Индијана Пејсерс 33 44 .429 22 1/2
5. Детроит Пистонс 16 60 .211 39

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами Хит 40 37.519 —
2. Атланта Хокс 38 38 .500 1 1/2
3. Вашингтон Визардс 34 42 .447 5 1/2
4. Орландо Меџик 32 44 .421 7 1/2
5. Шарлот Хорнетс 26 51 .338 14

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Сакраменто Кингс 46 30 .605 —
2. Феникс Санс 41 35 .539 5
3. Лос Анџелес Клиперс 41 36 .532 5 1/2
4. Голден Стејт Вориорс 40 37 .519 6 1/2
5. Лос Анџелес Лејкерс 38 38 .500 8

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 48 28 .632 —
2. Њу Орлеанс Пеликанс 38 38 .500 10
3. Далас Маверикс 37 40 .481 11 1/2
4. Сан Антонио Спарс 19 57 .250 29
5. Хјустон Рокетс 18 59 .234 30 1/2

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер Нагетс 51 24 .680 —
2. Минесота Тимбервулфс 39 38 .506 13
3. Оклахома Сити Тандер 38 39 .494 14
4. Јута Џез 36 40 .474 15 1/2
5. Портланд Трејл Блејзерс 32 44 .421 19 1/2