Преглед НБА лига: Тандерс не ги стасаа Маверикс, Лејкерс ја прекинаа низата порази

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандерс доживеаја пораз на гости од 102:104 кај Далас Маверикс, откако не успеаја целосно да го анулираат водството на домашните од 22 поена во третата четвртина.

Лука Дончич во победата на Маверикс впиша уште еден „трипл-дабл“ со 20 поени, 11 скокови и 12 асистенции. Шаи Гилгеус-Алескандер со 34 коша ги предводеше Тандерс за кои ова е седмиот пораз во последните осум натпревари.

Лос Анџелес Клиперс со 139:133 ги победија Индијана Пејсерс на домашен паркет, а до победата ги предводеше Никола Батјум со 32 коша од кои седум „тројки“. Маркус Морис додае 21 кош со 8 скокови, а Реџи Џексно 26 поени со 5 скокови. Кај Пејсерр најдобар беше Карис Лаверт со 26 поени, додека Крис Дуарте додаде 24 поени.

Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа низата од три пораза надигрувајќи ги гостинските Јута Џез со 101:95 и ова е нивна прва победа од 7-ми јануари. За Џез, пак, ова е петтиот пораз во последните шест натпревари.

Леброн Џејмс во победата на својот тим постигна 26 коша со по 7 скокови и асистенции. Стенли Џонсон уфрли 15 коша колку и Расел Вестбрук. Најдобар кај Јута беше Руди Гобер со 19 поени и 16 скокови, додека Мајк Конли додаде 20 коша.

Феникс Саннз на гостувањето со 121:107 ги победија Сан Антонио Спарс, остварувајќи ја четвртата последователна победа,

Девин Букер оствари неверојатни 48 коша,, Бизмек Бијомбо доодаде 17 коша со 14 скокови, додека Крис Пол 15 поени со 12 асистенции. Кај Спарс најдобар беше Џејкоб Поелтла со 23 коша и 14 скокови.

Шаркот Хорнетс на гости со 97:87 ги совладаа Њујорк Никс, предводени од 38-те коша на Мајлс Бридџес. Тери Розиер додаде 22 коша и 7 асистенции за петтата пбеда на Хорнетс во последните седум меча.

Портлант Трејл Блејзерс, исто така, на гости со 98:88 ги надиграа Орландо Меџикс.

Мајами Хитс, во чиј тим по 22 натпревари се врати Бам Адебајо, дома со 104:99 ги победија Торонто Рапторс. Џими Батлер впиша „трипл-дабл“ со 19 коша, 10 скоковои и 10 асистенции. Адебајо, кој го оперираше десниот палец, мечот го заврши со 14 коша и 9 скокови. Најдобар стрелец кај Мајами беше Тајлер Хиро со 23 коша.

Атланта Хокс ја прекинаа серијата од десет домашни порази победувајќи ги со 121:114 гостинските Милвоки Бакс.

Три Јанг постигна 15 од своите вкупно 30 коша во последената четвртина, а Деандред Хантер додаде 20 коша со 9 скокови за Хокс. Крис Бидлтон ги предводеше Бакс со 34 коша, 7 скокови и 4 асистенции, а Јанис Адетокумбо додаде 27 поени со по 6 скокови и асистенции.

Вашинготн Визардс со 117:98 триумфираа дома над Филаделфија 76ерс, а Бостон Селтикс исто така на својот паркет со 114:107 ги победиа Бруклин Нетс, а Мемфис Гризлис со 119:106 беа подобри до гостинските Чикаго Булс.

РЕЗУЛТАТ

Далас Маверикс – Оклахома Сити Тандер 104:102
Бостон Селтикс – Њу Орлеанс Пеликанс 104:92
Њујорк Никс – Шарлот Хорнетс 87:97
Вашингтон Визардс – Филаделфија 76ерс 117: 98
Кливленд Кавалирс – Бруклин Нетс 114:107
Мемфис Гризлис – Чикаго Булс 119:106
ЛА Клиперс – Индијана Пејсерс 139:133
Атланта Хокс – Милвоки Бакс 121:114
Орландо Меџик – Портланд Трејл Блејзерс 88:98
Мајами Хит – Торонто Репторс 104: 99
Сан Антонио Спарс – Феникс Санс 107:121
Лос Анџелес Лејкерс – Јута Џез 101:95

 

ТАВЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Чикаго Булс 27 15 64.3
Мајами Хит 28 16 63,6
Бруклин Нетс 27 16 62,8
Кливленд Кавалирс 27 18 60,0
Милвоки Бакс 27 19 58,7
Филаделфија 76ерс 25 18 58.1
Шарлот Хорнетс 24 20 54,5
Вашингтон Визардс 23 21 52.3
Торонто Репторс 21 20 51.2
Бостон Селтикс 23 22 51.1
Њујорк Никс 22 22 50.0
Атланта Хокс 18 25 41,9
Индијана Пејсерс 15 29 34.1
Детроит Пистонс 10 32 23,8
Орландо Меџик 8 37 17,8

ЗАПАДНА КОНФЕРЦИЈА

Феникс Санс 34 9 79,1
Голден Стејт Вориорс 31 12 72.1
Мемфис Гризлис 31 15 67,4
Јута Џез 29 15 65,9
Далас Маверикс 25 19 56,8
Денвер Нагетс 22 20 52.4
Лос Анџелес Лејкерс 22 22 50.0
ЛА Клиперс 22 23 48,9
Минесота Тимбервулфс 21 22 48,8
Портланд Трејл Блејзерс 18 25 41,9
Сакраменто Кингс 18 28 39.1
Сан Антонио Спарс 16 28 36,4
Њу Орлеанс Пеликанс 16 28 36,4
Оклахома Сити Тандер 14 29 32.6
Хјустон Рокетс 13 32 28,9