Преглед НБА: Нетс подобри од Никс, 53 коша на Дјурант

Во првиот натпревар од неделанта програма во НБА лигата, во њујоршкото градско дерби Бруклин Нетс ги совладаа Њујорк Никс со 110:107, а брилјираше Кевин Дјурант кој постига 53 коша за победничката екипа.

Дјуратн имаше и девет асистенции и шест скокови со две украдени топли. Ги постигна последните седум поени за својот тим , погодувајќи „тројка“ на почетокот од последната минута за 106:103, а потоа ги погоди и сите четири слободни фрлања во неизвесната завршница.

Покрај Дјурант, кај Нетс Андре Драмонд врза 18 поени и 10 скокови.

Џулиус Рендл со 26 коша беше најдобар стрелец кај Никс, за кои Еван Фурние постиган 25 а ЕрЏеј Барет 24 поени.

Бруклин со третата последователна победа стаса до соодносот на победи и порази 35-33 и е на осмото место на табелата во Источната конференција, додека Њујорк со соодносто 28-40 се 12-ти и се надвор од кругот екипи кои ќе настапат во разигрувањето за последните две места во плеј-офот.

Лос Анџелес Клиперс славеа со 106:102 на гостувањето кај Детроит Пистонс, надоместувајќи разлика од 18 коша од средината на втората четвртина, а откако на 7,53 минути дојдоа во водство не го испуштија до крајот на дуелот.

Најефикасен кај Клиперс беше Маркус Морис со 31 кош, а важна улога имаше Лук Кенард кој постига 11 од своите 16 поени во последните осумминути. Реџи Џекосн беше пред „трипл-дабл“ со 15 поени, 9 асистенци и 8 скокови, а Ивица Зубац оствари 14 коша со 15 скокови.

Кај Пистонс повторно се истакна Кејд Канингем со 23 коша, 10 асистенции и 9 скокови. Џереми Грант уфрли 21 поен.

Клиперс со оваа побед дополнително се зацврстија на осмото место во Западната конференција, додека Пистонс со соодносто 18-50 се последни во Источната конференција заедно со Орландо Меџикс.

Во Бостон Селтикс беа поразени од Далас Маверикс со 92:95, со што е прекината серијата од пет последователни победи на Селтикс.

Лука Дончич ги предводеше Маверикс со 16 поени, и по 8 асистенции и скокови, Доријан Фини-Смит додаде 19 а Спенсер Динвиди 18 коша, Кај Бостон со 21 кош и 11 скокови предничеше Џејсон Тејтам, а Ал Хорфорд додаде 17 поени.

Далас со соодносот 42-26 е на петтото место во Западната конференција, а во мртва трка со Јута Џез со 42-25. Бостон со соодносот 41:28 е на петтата позиција во Источната конференција, со два пораза повече од четвртопалсираните Чигако Булс со 41-26.