Преглед НБА: Педесеттиот „трипл-дабл“ на Јокиќ за победата на Нагетс

Никола Јокиќ го впиша својот 50-ти „трипл-дабл“ учинок во кариерата со 37 коша, 11 асистенции и 10 скокови во синоќешната победа на неговите Денвер Нагетс од 128:97 над Милвоки Бакс.

Јокиќ, кој со ово постигнување стана деветтот кошаркар во историјата на НБА лигата со најмалку 50 „трипл-дабл“ остварувања, приклучувајќи им се на Оскар Роберстон со 181, Расел Вестрбрук со 156, Меџик Џонсон со 138, Џејсон Кид со 107, Леброн Џејмс со 97, Вилт Чембрлен со 78, Лери Брд со 59 и Џејмс Харден со 53.

Ова беше дветтиот „тропл-дабл“ за Јокиќ сезонава, а за Денвер третата последователна победа. Нагетс ја прекинаа серијата од пет победи на Бакс во чии редови вообичаено најдобар беше Јанис Адентонкумпо со 27 коша.

 

Уште еден играч од поранешните ју-простори синоќа имаше забележителен настап, Дарио Шариќ со 21 кош беше најдобар стрелец на Феникс Санс кој на гости со 114:104 ги победија актуелниот шампиони Лос Анџелес Лејкерс. Мајкл Бриџес додаде 19 коша, а Деандер Ејтон и Девин Букер, кој беше исклуечн во третата четвртина, по 17 поени. На Лејкерс не им помогнаа ниту 38 коша на Леброн Џејмс.

Со оваа побнеда Санс се израмнија на втората позиција со Лејкерс во Западната конференција.

Сан Антониот Спарс со 119:93 беа подобри од Њујорк Никс. Треј Лаијлз го предводеше тимот на Сан Антони со 18 коша, додаке кај Њујорк најдобар беше Имануел Квикли со 26 поени.

 

Лос Анџелес Клипер беа поразени на гости ја Бостон Селтикс со 112:117. Кемба Вокер ја предводеше победничката екипа со 25 коша, а Џејлен Браун додаде 18 поени. Кај Клипер Пол Џорџ мечот го заврши со 32 поени, додека Реџи Џексон додаде 25 коша.

Во другите натпревари Мемфис Гризлис со 125:111 ги надиграа Вашингтон Визардс, а Атлатнат Хоукс со 94:80 Мајами Хитс.

 

РЕЗУЛТАТИ

Вашингтон Визардс – Мемфис Гризлис 111:125
Бостон Селтикс – ЛА Клиперс 117:112
Мајами Хитс – Атланта Хоукс 80:94
Сан Антонио Спарс – Њујорк Никс 119:93
Милвоки Бакс – Денвер Нагетс 97:128
ЛА Лејкерс – Феникс Санс 104:114

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Филаделфија 76ерс 23 12 .657 –
2. Бруклин Нетс 23 13 .639 0 1/2
3. Бостон Селтикс 18 17 .514 5
4. Торонто Репторс 17 17 .500 5 1/2
4. Њујорк Никс 18 18 .500 5 1/2

Централна дивизија

1. Милвоки Бакс 21 14 .600 –
2. Индијана Пејсерс 15 18 .455 5
2. Чикаго Булс 15 18 .455 5
4. Кливленд Кавалирс 14 21 .400 7
5. Детроит Пистонс 9 25 .265 11 1/2

Југоисточна дивизија

1. Мајами Хит 17 18 .486 –
2. Шарлот Хорнетс 16 18 .471 0 1/2
3. Атланта Хоукс 15 20 .429 2
4. Вашингтон Визардс 13 20 .394 3
5. Орландо Меџикс 13 22 .371 4

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија

1. Феникс Санс 23 11 .676 –
2. Лос Анџелес Лејкерс 24 12 .667 –
3. Лос Анџелес Клиперс 24 13 .649 0 1/2
4. Голден Стејт Вориорс 19 16 .543 4 1/2
5. Сакраменто Кингс 13 21 .382 10

Југозападна дивизија

1. Сан Антонио Спарс 18 13 .581 –
2. Мемфис Гризлис 16 15 .516 2
3. Далас Маверикс 17 16 .515 2
4. Њу Орлеанс Пеликанс 15 19 .441 4 1/2
5. Хјустон Рокетс 11 22 .333 8

Северозападна дивизија

1. Јута Џез 27 8 .771 –
2. Портланд Трејл Блејзерс 19 14 .576 7
3. Денвер Нагетс 20 15 .571 7
4. Оклахома Сити Тандера 14 20 .412 12 1/2
5. Минесота Тимбервулфс 7 28 .200 20