Преглед Премиер лига: Голем пресврт на Арсенал длабоко во судиското продолжение

Фудбалерите на Арсенал повторно имаат пет бодови предност на врвот на англиската Премиер лига пред Манчестер Сити благодарејќи на драматичната победа од 3:2 над Борнмут во рамките од 26-то коло.

Арсенал беше во заостанување буквално од самиот почетокот на дуелот, но во последните половина час го надомести заостанувањето од 0:2, а победничкиот погодок Рис Нелсон го постигна по корнер во седмата минута од судиското продолжение на дуелот, иако арбитарот првично покажа дека ќе се играат дополнителни шест минути по истекот на регуларните 90 минути.

Средбата започна неочекувано одлично за Борнмут кои поведоа само по 9,11 секунди игра. Гостите го изведоа почетниот удар од центарот и одиграа акција за Филип Билинг кој остана без чувар во петерецот на домашните. Арсенал така веќе беше во заостанување, иако неговите играчи ниту ја допреа топката. Сепак ова не е најбрзиот погодок во Премиер лигата, бидејќи во сезоната 2018/19 Шејн Лонг погоди по 7,69 секунди.

Кога во 57 минута Маркис Сенеси со глава по изведениот корнер зголеми на 2:0, се чинеше дека „Топчиите“ ќе киксираат, но само пет минути подоцна Томас Партиј во им ги врати надежите на домашните, а набрзо во 70 минути Вен Вајт израмни на 2:2. Резултатот повеќе не се менуваше буквално до последниот момент а дуелот, а тогаш Нелсон на 20-ина метри од противничкиот гол дочека одбиена топка по нафрлување до аголот и со одличен удар не му да даде никаква шанса на Нето да реагира.

Со победата водечкиот Арсенал стаса до 63 бодови, пет повеќе од второпласираниот Манчестер Сити кој во првиот дуел на својот „Итихад“ со 2:0 го совлада Њукасл Јунајтед со 2:0. „Граѓаните“ поведоа во 15 минута со голот на Фил Фоден, а само две минути откако 65-та во игра влезе Бернардо Силва со одмерен удар ја потврди победата.

Њукасл остана на 41 бод и моментално со два натпревара помалку е на петтото место, последното кое води во европските купови следната сезона, а на кое претендираат во моментов и шестиот Ливерпул со 39 бодови од 24 кола, Фулам со ист број бодови но од 25 дуели и осмиот Брајтон со 38 бодови но до само 23 одиграни кола.

Борнмут е претпоследен 19-ти со 21 бод, еден бод помалку од зоната на опстанок.

Четири натпревара завршија со минимални победи на домашните екипи од 1:0. Во првиот Адама Траоре погоди во 82 минута за триумфот над Тотенхем, кој сега остана четврти на табелата со 45 бодови, додека неговиот Вулверхемптон моментално е 13-ти со 27 бодови, шест повеќе од зоната на испаѓање.

Челзи моментално се искачи на 10-то место со 34 бодови, благодарејќи на погодокот на Весли Фофана во 53 минута што му ја донесе победата над Лидс Јунајтед кој остана на последното 18-то место кое гарантира опстанок со 22 бодови, само бод од опасната зона.

Автоголот на Јоаким Андерсен во 27 минута и црвениот картон на Чеик Дукуре во 62 минута беа клучните моменти за минималната домашна победа на Астон Вила над Кристал Палас. Двата тима ги задржаа позициите на табелата и пред ова кола – Вила е 11-та со 34 водови а Палас е место подолу со седум бодови помалку.

Во последниот саботен натпревар со 1:0 и Саутемптон дома го победи Лестер, а стрелец во 35 минута беше Карлос Алкараз. Победата му овозможи на Саутемптон да го напушти самото дно на Премиер лигата, сега е претпоследен 19-ти со 21 бод сега само со бод за првото место кое гарантира опстанок, а Лестер Сити остана на 24 бодови и моментално е 15-ти.

Најубедливата победа во саботата, од 4:0 ја забележа на домашен терен Брајтон над Вест Хем. Стрелци беа Алеск Мек Алистер во 18 минута од пенал, Жоел Велтман во 51, Каору Митома во 69 и Дени Велбек во 89 минута. Брајтон е осми со 38 бодови, а Вест Хем остана на 23 бодови и на 16-то место.

Во недела се играат дуелите Нотингем Форест – Евертон, почнува во 15 часот, и дербито на колото меѓу најтрофејните англиски клубови Ливерпул и Манчестер Јунајтед кое почнува во 17,30 часот, а колото го затвора натпреварот Брентфорд – Фулам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.