Преглед Премиер лига: Сити со победа ја прослави третата титула во низа

Фудбалерите на Манчестер Сити пред своите навивачи го совладаа лондонски Челзи со 1:0 во натпреварот од 37-то коло од англиската Премиер Лига и на најдобар начин го прослави освојувањето на третата последователна титула, до којашто и математички дојдоа откако во саботата Арсенал беше поразен од Нотингем Форест.

Единствениот погодок на натпреварот за 12-та последователна првенствена победа на Манчестер Сити го постигна Хулиан Алварез во 12 минута. Челзи беше рамноправен противник, но и како многупати оваа сезона лондонските „Сини“ беа без реализација на создадените шанси.

Кога судијата Мајкл Оливер со последниот свиреж означи крај на мечот, навивачите на Манчестер Сити го окупираа тревникот на стадионот „Итихед“ за со своите миленици да ја прослават третата титула во последните три сезони и петта во шестгодишниот период во кој првак на Англија беше само уште Ливерпул во 2020 година.

До крајот на сезоната тимот на Пеп Гвардиола го очекуваат уште две гостувања во Премиер лигата, кај Брајтон на 24-ти и кај Брентфорд на 28-ми мај, и два натпревара во кои „Граѓаните“ може да дојдат до двојната круна – финалето на ФА Купот против градскиот ривал Манчестер Сити на 3-ти јуни и финалето во Лигата на шампионите против милански Интер во Истанбул на 10-ти јуни.

Претходно во саботата Вест Хем се чини го поттурна Лидс Јунајтед кон излез од Премиер лига, откако на домашен терен, на лондонскиот „Олимписки стадион“ славеше со 3:1.

За Лидс добро започна кога во 17 минута Родриго Морено постигна погодок за водство на гостите. Но следеше пресвртот кој го навести Деклејн Рајс со голот во 31 минута, а во второто полувреме го довршија Џерод Боувен во 72 и Мануел Ланѕини во четвртата минута од судиското продолжение на натпреварот.

За Вест Хем ова беше 11-та победа сезонава, но „Чеканите“ со 40 бодови дојдоа само до 14-то мести. Лидс со 31 оди остана на 18-то место, два бодат зад Евертон кој е на 17-то место кое ветува опстанок во елитата.

На спас се надева и Лестер Сири кои со 30 бодови е претпоследен 19-ти, но допрва треба да го одигра дуелот од 27-то коло во кој во понеделник со почеток од 21 часот му гостува на Њукасл Јунајтед.

Во последното коло Лидс ќе го пречека Тотенхем, а Лестер е домаќин на Вест Хем, додека Евертон го пречекува Борнмут.

Брајтон следната сезона ќе игра во Лига Европа, а тоа го осигури со денешната домашна победа од 3:1 над Саутемптон кој одамна ги загуби шансите за опстанок. Ивен Фергусон беше двоен стрелец во 29 и 40 а стрелец за Брајтон беше и Паскал Грос во 69 минута. За Саутемптон единствениот призна погодок го постигна Мохамед Елјунуси во 58 минута, додека голот на Тио Волкот за израмнување 2:2 во 64 минута беше поништен поради офсајд.

Брајтон со 61 бод и гол-разлика од плус 20 се зацврсти на добитничката шеста позиција, додека Саутемптон сезонава со по само шест победи и ремија собра 24 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.