Преглед Ролан Гарос: Ѓоковиќ во три сета го надигра Фучович

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во третото коло од парискиот Грен-Слем турнир Ролан Гарос, откако во второто коло со 7-6(2), 6-0, 6-3 го совлада Унгарецот Мартон Фучович.

Ѓоковиќ авторитетни го отвори мечот и поведе со 3-0, а потоа и со 5-2. Но тоа не му беше доволно за лесно да го освои првиот сет. Фучович го надомести резултатското заостанување и избори таи-брек, каде сепак не успеа да му парира на вториот носител на Ролан Гарос.

Во продолжението на мечот Ѓоковиќ целосно се разигра и лесно го скрши отпорот на унгарскиот тенисер. До крајот Србинот испушти само три гема во преостанатите два сета кои ги доби со 6-0 и 6-3.

Следниот ривал на Ѓоковиќ ќе биде шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина, 29-от носител, кој во три сета го совлада домашниот играч Лука Ван Асше со 6-4, 6-3, 7-6(6).

Еден сет загуби Русинот Андреј Рублев совладувајќи уште еден француски тенисер Корантен Муте со 6-4, 6-2, 3-6, 6-3, додека многу уверлив беше Италијанецот Лоренцо Мусето кој со 6-1, 6-1, 6-2 го надигра Русинот Александр Шевченко.

Шпанецот Роберто Баутиста Агут имаше 2-0 во сетовите против Перуанецот Хуан Пабло Варилас, но на крајот противникот славеше со 1-6, 4-6, 6-3, 6-1, 6-1.