Преглед Серија А: Милан ја задржа разликата пред Интер

Friuli - Dacia Arena stadium in Udine, Italy, 1 May 2022. ANSA/GABRIELE MENIS

Во претпоследниот натпревар од колото Интер благодарејќи на гостинската победа од 2:1 на гостувањето кај Удинезе по неколку часа се врати на само два бода заостанување зад градскиот ривал Милан во трката за „скудетото“.

„Нераѕурите“ поведоа во Удине во 12 минута, кога Иван Перишиќ одлично скокна на првата сратива по корнерот што го изведе Димарки и со глава ја спроведе топката во домашната мрежа. На 2:0 зголеми Лаутраро Мартинез кој прво нереализираше пенал но откако топката се одби од стативата ја спроведе во голот. Домашните намалија на конечните 1:2 во 72 минита кога Ингасио Пусето беше најбрз на одбиената топка откако гостинскиот голман Самир Хандановиќ со крајни напори го запре слободниот удар на Жерар Деулофеу.

Второпласираниот Интер сега има 75 бодови, два помалку од водечкиот Милан, а пет повеќе од третопласираниот Наполи односно шест бодови повеќе од четвертиот Јувентус. Удинезе моментално е на 12-то место со 43 бодови,

Фудбалерите на Милан претходно направија значаен чекор во обид да ја освојата титулата во фудбалскиот шампионат на Италија, прва по 11 години, со минималната победа од 1:0 изборена на домашен терен во 35-та коло над Фиорентина.

Единствениот натпревар на мечот го постигна Рафаел Леао во 82 минута со голема помош на гостинскиот голман Терацијано кој прво лошо ја дегажираше топката до која дојдоа домашните на 30-ина метри од противничкиот гол, а потоа Терацијано напамет се фрли во својата лева страна и дозволи Леао да го совлада со мек шут во поблискиот агол.

Торино од два пенала оствари гостинска победа со 3:1 кај Емполи, во дуел кој го одбележа бурното второ полувреме и хет-трикот на Андреа Белоти.

Домашните поведоа во 56 минута со голот на Шимон Журковски. Но набрзо Емполи остана со играч помалку, откако во 60 минута беше исклучен Валерио Вере. Потоа следеше резултатскиот пресврт на Торино кој го донесе Андра Белоти преку два пенала, во 78 минуа и во 87 минута, и двата досудени поради иргање со рака на домашниот во својот шеснасетникот, а при вториот втор жолт картон и исклучување заработи Петар Стојановиќ, а Белоти третиот погодок го постигна во шестата минута од судиското продолжение на дуелот.

Торино со победата дојде до 47 бодови и е на 10-то мести, а Емполи е 14-ти со 37 бодови, со обезбеден опстаник.

Јувентус во првиот натпревар во неделата од 35 коло на италијанското фудбалско првенство на домашен терени 2:1 со многу напроти ја совлада одамна отпишаната Венеција, со двата погодока на Леонардо Бонучи.

Бонучи прво ја затресе мрежата Веенција во 7 минута од мечот. Венеција до израмнувањето дојде во второто полувреме во 71 минута преку Матиа Араму, но по само пет минути Бонучи со својот втор погодок на мечот му ја донесе победата на Јувентус од 2:1.

Благодарејќи на оваа победа, Јувентус се зацврсти на четвртото место на табелата со 69 бодови, и со десет бодови предност го обезеди последното место кое води во Лигата на шампионите следната сезона. Наполи е трет со 70 бодови, додека на врвот се миланските прволигаши Милан и Интер со 74 и 72 бодови од 34 кола.

Венеција остана последна со 22 бодови од 34 кола и на три кола пред крајот на сезоната има сѐ уште теоретски шанси за опстанок, има шест бодови помалку од местото кое дава опстанок во Серија А, на коешто моментално е Калјари кој има одиграно 35 кола.

Во последниот неделен натпревар од 35-ѕо коло Рома и Болоња одиграа без голови. Рома со тоа пропушти можност повторно бодовно да се одлепи од градскиот ривал Лацио во борбата за петтото место и пласманот во Лига Европа. И двете екипи сега имаат по 59 бодови, десет бодови помалку од четвртопласираниот Јувентус. Болоња со 43 бодови е 13-та.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.