Преглед Серија А: Милан поразен во Фиренца

Fiorentina's Serbian foward Luka Jovic (R) scores during the Italian serie A soccer match ACF Fiorentina vs AC Milan at Artemio Franchi Stadium in Florence, Italy, 4 March 2023 ANSA/CLAUDIO GIOVANNINI

Во последниот натпревар од саботната програма на 25-то коло од италијанското фудбалско првенство, Фиорентина пред своите навивачи го совлада Милан со 2:1.

„Виолетовите“ од Фиренца целосно го надиграа актуелниот шампион, но својата подобар игра не успеаја да ја реализираат во првите 45 минути. Но поведоа на почетокот од вториот дел, и тоа од пенал кој го направи Томори кој го собори Иконе, а го реализираше во 49 минута Николас Гонзалес. Победата ја потврди Лука Јовиќ во 87 минута пред самиот крај на дуелот. Во последната петта минута од судиското продолжение на натпреварот поразот само го ублажи Тео Хернандез.

Со ова победа 11-та Фиорентина бодовно се израмни со Торино, со по 31 бод и еден гол подобра гол-разлика, но Торино има натпревар помалку.

Милан остана четврти со 47 бодови, зад третиот градски ривал Интер кој има ист број бодови но и меч помалку, вториот Лацио со 48 бодови, а на врвот е Наполи со големи 65 бодови.

Претходно во саботата со истиот резултат 2:1, исто така на домашен терен, славеше и Монца против Емполи. Стрелци за домашните беа Патрик Курија во 19 и Армандо Иѕо во 67 минута, а гостите израмнија привремено во 51 минута со погодокот на Мартин Саријано.

Монца моментално е 10-та со 32 бода, а Емполи остана 13-ти со 28 бодови и по комплетирањето на колото на табелата може да назадува најмногу за две места.

Аталанта и Удинезе одиграа без голови, па тимот од Бергамо останува на шестото место со 42 бодови, а овој од Удине е моментално деветти со 32 бода.

Во недела на распоред се дуелите Специја – Верона, Сампдорија – Салернитана, Интер – Лече и дербито Рома – Јувентус.

Во понеделник колото ќе го заокружат мечевите Сасуоло – Кремонезе и Торино – Болоња.