Преглед Вимблдон: Надал во третото коло, испаднаа Шаповалов и Шварцман

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал загуби сет од Литванецот Ричард Беранкис, 106-ти на АТП листата, но по 11 пат во кариерата дојде до третото коло во Вимблдон совладувајќи го со 6-4, 6-4, 4-6, 6-3.

Ова е 55-та победа на Надал во „Ол Ингалнд Клаб“, а од влегувањето во втората седмица од единствениот Грен слем на трева го дели победата над Италијанецот Лоренцо Сонега.

Годинешното втори коло беше последната станица за минатогодишниот полуфиналист, Канаѓанецот Денис Шаповалов (АТП – 16), кого со 6-2, 4-6, 6-1, 7-6 (6) го надигра Американецот Брендон Накашима (АТП – 56). Американскиот тенисер со пласманот во третото коло го израмни својот најдобар Грен слем резултат до кој стаса на годинешниот Ролан Гарос.

Без третото коло остана и Аргентинецот Диего Шварцман (АТП – 15), иако од 4-4 во вториот сет нанижа дури 11 гемови, поведе со 2-1 во сетови и со 3-0 во четвртиот против Британецот Лиам Броди (АТП – 132). Но 28-годишниот Броди со пресврт дојде до најголемата победа во кариерата. Четвртиот сет го освои во „тај-брек“, а во петтиот на Шварцман му препушти само уште еден гем и првпат во кариерата дојде до третото коло на Грен слем турнирите.

ВИМБЛДОН, тенисери – 2. коло

Кристијан Гарин (Чиле) – Иго Грениер (Франција) 6-3, 6-1, 6-1
Џенсон Бруксби (САД/ 29) – Бенжамин Бонзи (Франција) 7-6 (3), 7-5, 6-3
Лиам Броди (Велика Британија) – Диего Шварцман (Аргентина/ 12) 6-2, 4-6, 0-6, 7-6 (6), 6-1
Брендон Накашима (САД) – Денис Шаповалов (Канада/ 13) 6-2, 4-6, 6-1, 7-6 (6)
Даниел Галан Риверос (Колумбија) – Роберто Баутиста Агут (Шранија/ 17) се предаде без борба
Ник Киргиос (Австралија – Филип Крајиновиќ (Србија/ 26) 6-2, 6-3, 6-1
Стефанос Циципас (Грција/ 4) – Џордан Томпсон (Австралија) 6-2, 6-3, 7-5
Алекс Молчан (Словачка) – Маркос Жирон (САД) 6-3, 6-2, 6-4
Тејлор Фриц (САД/ 11) – Аластер Греј (Велика Британија) 6-3, 7-6 (3), 6-3
Ричард Гаске (Франција) – Мекензи Мекдоналд (САД) 6-3, 3-6, 6-4, 6-3
Ботил ван де Зандшулп (Холандија/ 21) – Емил Русувуори (Финска) 3-6, 6-1, 6-4, 6-4
Лоренцо Сонего (Италија/ 27) – Иго Гастон (Франција) 7-6 (4), 6-4, 6-4
Рафаел Надал (Шпанија/ 2) – Ричард Беранкис (Литванија) 6-4, 6-4, 4-6, 6-3

ВИМБЛДОН, тенисерки – 2. коло

Ига Швјатек (Полска/ 1) – Лесли Патинама Керхове (Холнадија) 6-4, 4-6, 6-3
Ализе Корне (Франција) – Клер Лиу (САД) 6-3, 6-3
Ајла Томљановиќ (Австралија) – Кетрин Харисон (САД) 6-2, 6-2
Барбора Крејчикова (Чешка/ 13) – Викторија Голубиќ (Швајцарија) 6-3, 6-4
Женг Чинвен (Кина) – Грит Минен (Белгија) 6-4, 6-1
Јелена Рибакина (Казахстан/ 17) – Бјанка Андрееску (Канада) 6-4, 7-6 (5)
Петра Мартиќ (Хрватска) – Кристина Кучова (Словачка) 7-6 (4), 6-3
Џесика Пегула (САД/ 8) – Хариер Дарт (Велика Британија) 4-6, 6-3, 6-1
Пола Бадоса (Шпанија/ 4) – Ирина Марија Бара (Романија) 6-3, 6-2
Петра Квитова (Чешка/ 25) – Ана Богдан (Романија) 6-1, 7-6 (5)
Магдалена Фреч (Полска) – Ана Каролина Шмиедлова (Словачка) 6-4, 6-4
Симона Халеп (Романија/ 16) – Кирстен Флипкенс (Белгија) 7-5, 6-4
Аманда Анисимова (САД/ 20) – Лорен Дејвис (САД) 2-6, 6-3, 6-4
Армони Тан (Франција) – Сара Сорибес Тормо (Шпанија/ 32) 6-3, 6-4
Кејти Бултер (Велика Британија) – Каролина Плишкова (Чешка/ 6) 3-6, 7-6 (4), 6-4
Елизе Мертенс (БЕлгија/ 24) – Пана Удварди (Унгарија) 3-6, 7-6 (5), 7-5
Хедер Вотсон (Велика Британија) – Ванг Чианг (Кина) 7-5, 6-4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.