Преговорите со Македонија би можеле да завршат до јануари

Преговорите за пристапување на Македонија во НАТО веќе започнаа и би можеле да бидат завршени до јануари 2019 година, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на брифингот во Брисел, пренесува „Блиц“.

Разговорите за влез веќе започнаа и очекувам дека можеме да ги завршиме до јануари следната година. За Македонија не постои друг начин за влез во НАТО освен прифаќањето на договор за промена на името на државата, додаде Столтенберг, и истакна дека одзивот на референдумот не билтолку висок колку што се очекуваше, но изборот беше „за“ , изјави Столтенберг пред состаноците на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО кои ќе започнат утре.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.