Преговорите во Москва даваат надеж во прекин на огнот во Нагорно Карабах

Силите на Азербејџан и етничките Ерменци до одметнатата област Нагорно Карабах во петокот ги продолжија судурите, но најавите за преговори во Москва влеваат надеж дека би можело да се стави крај на најкрвавиот судир на јужен Кавказ во последните 25 години.

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан подоцна во петокот треба да пирстигнат во Москва на преговори, ден откако Русија, Франција и САД на средбата во Женева покренаа мировна иницијатива.

Францускиот претседател Емануел Макрон по состанкот во Женева изјави дека смета оти наскоро може да се склучи примирје во конфликтот во Нагорно Карабах, иако ситуацијата таму сѐ уште е нестабилна.

Елисејската палата соопшти дека Макрон доцна синоќа разговарал со ерменскиот премиер Никола Пашинијан и рано утрово со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, со цел „продолжување на преговорите во наредните денови“.

Ерменската влада соопшти дека во фокусот на денешните преговори ќе биде исклучиво прекин на непријателствоа и хуманиарните прашања, како што е размена на телата на загинатите и воените заробеници.

Доколку шефовите на дипломатијата на завојуваните страни навистина се сретна, тоа ќе биде првиот директен контакт меѓу Ерменија и Азербејџан од избувнувањето на новите судир на 27-ми септември. Од тогаш во Нагорно Карабах, планинска енклава која официјално е територија на Азербејџан, но која ја управуваат етничките Ерменци кои сочинуваат 80 отсто од населението и во 1988 година прогласија отцепување, загинаа повеќе од 400 лица.

Азербејџан објави дека од 27-ми септември во бирбите загинал 31 цивил а 164 се ранети. Информациите за жртвите во воените редови се премолчени. Нагорно Карабах, пак, соопшти дека во неговите редови има 376 загинати војници и 22 цивили.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Чејхун Бајрамов се согласи на разговорите во Женева со копретседателство на Групата од Минск на ОБСЕ, која ја сочинуваат Русија, Франција и САД, и запознавање со ставовите на Азербејџан за смирување на судирот.

Ерменскиот шеф на дипломатијата, Зохраб Мнатскаканјан, пак, не пристуствувше на резговорите во Женева, но се очекува дека со претставниците на трите држави ќе се сретне во понеделник во Москва.

Вашингтон, Париз и Москва, во својоство на копретседателит на Групата од Минск на ОБСЕ, веќе три децении посредуваат во решавањето на прашањето на Нагорно Карабах. Прекинот на огнот по отворената војна меѓу Ерменија и Азербејџан од 1990 до 1994 година, во која загинаа 30.000 луѓе, повремено се нарушува и одново избувнуваат судири но сегашниот е со најголем интензитет и најголемо користење на воените сили.