Преговорите за името следната седмица на министерско ниво

Слендата седмица шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција ќе се сретнат во нова рунда разговори за решавање на спорот за името, штп ќе биде шрвата средба меѓу Димиторв – Коѕијас – Нимиц откако грчкиот министер минатата недела упати критика и до Нимиц, но и до Димитров дека излегуваат од рамките на преговорите, испровоциран од изјавите кои ги ги дадоа Димиторв и Нимиц по средбата во Скопје.

Освен министерската средба идната недела, во февруари се предвидени и неколку средби меѓу двете страни за надминување на спорот. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев чија вчерашна изјава дека заземјава е прифатлива географска одредница во сложено име како решение, им дава на разговорите нов импулс.

Тоа се потврдува и со реакцијата која стигна на тоа од Атина, која изјавата на Заев ја оцени како многу важен чекор кон компромис.

„Штом Заев изјави дека прифаќа сложено име покрива голем дел од патот за чесен компромис, затоа што таа е грчката позиција, како што беше формирана во 2007, а господинот Груевски и националистичкото раководство на соседната земја, во изминатата деценија ја отфрлаа и затоа ова е еден многу важен чекор“ изјави земеник министерот за надворшени работи на Грција за европски прашања, Јоргос Катругалос.

Заев денеска повторувајќи ја позиција дека за Македонија прифатлива географска одредница, рече дека тоа е одредено од повеќе работи.

„За Владата прифатливо е име со географска одредница. Тоа го темелам на основа на моите очекувања во внатрешната дебата која што ја имаме во Македонија, на чекорите што ги правиме, на она што значи можности и до каде може да се движиме, на спроведливоста на можните решенија и слично. Остануваме на ставот дека достоинството и идентитетот се важни работи“, изјави Заев.

Според него може во Македонија да се епостигне консензус да се изнајде решени меѓу институциите, политичките субјекти од власта и опозицијата, се во интерес на иднината, перспективоте на земјава, евро-атлантскикте интеграции.

„Верувајте дека апсолутно знаеме што е тоа што е возможно, што е тоа што е дозволиво и до каде треба да одиме. Ќе направиме се да изнајдеме решение на овој горлив 25-годишен проблем, но не по секоја цена“, рече Заев.

За спогодба која Грција најави дека ќе и ја достави на Македонија кон средината на месецов, Заев е на став дека секоја можност, средба, инвентивен елемент, кој може да доведе до решение ќе биде искористен, но оти на крајот сепак се ќе се формализира преку ОН.

Заев денеска отфрли менување на Уставот на Македонија велејќи дека не постои потреба за такво нешто. Како што рече, Уставот е сменет во 1993 година за да се отстрани иредентизмот, а денес земјата прави се да поакже дека нема територијални апиосрации и иредентистички побуди кон соседот.