Прегреале мотори на воз, патници чекале да се оладат

Патници чекале речиси еден час кај Велес да се оладат моторите на возот за да може повторно да се движи на топлото време, објави Макфакс.

Откако му откажаа моторите на возот на Македонски Железници кој од Скопје тргна за Кочани во 16.40, 20-тина патници биле принудени да чекаат еден час да се оладат моторите, па да продолжи патувањето.

Во возот имало околу 20-мина патниции и чекале на железничката постојка „Браќа Кошулчеви“ кај Велес.

Им ветиле дека ќе чекаат да се оладат моторите на возот за да тргнат. Некаде по 19 часот, возот ја напушти станицата.