Прекин на сообраќајот кон Маврово

По обилните дождови во моментов е во прекин сообраќајот кон Маврово од клучката за Стража.

Веќе е создадена огромна колона возила.

Полицијата информира дека се работи за одрони од камења и паднати дрвја на угорницата кон Маврово.

Надлежните служби работат на отстранување на пречките на патот.