Прекин во водоснабдувањето утре на неколку улици во Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, известува дека во среда од 9 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето со вода за кориснциите од неколку улици на територијата на општина Центар.

Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на „Тетовска“ бр. 33, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Тетовска“, „Стив Наумов“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Јосиф Јосифовски Свештарот“, како и објектите  на амбулантата и полициската станица во општина Центар.

Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на „Мирче Мацан“ бб,  од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и потегот од улицата „Светозар Марковиќ“ до „Кеј 13-ти Ноември“ („Дрво Декор“) во општина Центар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.