Прекинато гласањето во Бојане – натепан набљудувач на Алијанса за Албанците, ќе се полнат ли кутиите

Во село Бојане, Општина Сарај, натепан наблљудувач на Алијанса за Албанците од активисти на ДУИ И СДСМ.

Се подготвува ли полнење на кутии во Сарај пред завршеток на гласањето…
Гласањето во Бојане е прекинато.

Пред изборите безбедносни извори за НетПрес брифираа дека на гласачки места во седум села во скопската општина Сарај се таргетирани како критични, односно таму најверојатно би имало полнење на гласачки кутии.

За инцидентот од МВР велат:

-Околу 16 часот било пријавено дека на избирачко место во с.Бојане, Сарај набљудувач Р.Д. сакал да влезе на избирачко место, но тоа не му било дозволено од избирачкиот одбор, односно бил спречен од членови на избирачкиот одбор да присуствува на гласачкото место. Гласањето не е прекинато. Полициски службеници се упатени на местото на настанот за расчистување на случајот.